Во врска со објавениот текст на интернет страницата на порталот Фронтлајн со наслов „Левица не дојде на седница – 20 социјални случаи од Охрид останаа без помош од локалната”, (објавен на ден 20.05.2022) целосно ја демантираме објавената вест како лажна и невистината, се вели во демантот на партијата Левица, испратен до Редакција Фронтлајн, на 23 мај, во 17:46 часот.
„Како што објави советничката од Левица во општина Охрид, Виолета Аврамоска, на конкретната седница на Комисијата за финансирање и буџет, во ниту една точка на дневен ред нема барања за еднократна помош на социјални случаи“ – пишува во демантот на Левица.
Понатаму, во својот демант, Левица дополнува дека „во конкретната Комисија има пет членови, што значи дека и без присуството на советничката Аврамоска (кое беше уредно најавено), Комисијата може да заседава и да ги усвои точките од дневниот ред.“
„Во демантот на советничката Виолета Аврамоска, објавен на нејзиниот фејсбук профил, од објавените слики на дневниот ред на Комисијата за буџет и финансирање јасно може да се увиди дека нема точка за еднократна помош за социјални случаи. Советничката Аврамоска ги демантираше овие наводи преку фејсбук објава, во која го објави дневниот ред за конкретната седница, а до која можете да пристапите преку овој линк. Со оглед на наведеното, бараме овој демант да биде објавен соодветно и на начин како што е објавена веста на порталот Фронтлајн“ – објаснуваат од Левица во демантот.