ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шаќири: Трите регионални центри за стручно образование и обука прераснуваат во центри на ексклузивност за образување кадри

May 23, 2022 16:56
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА

Трите регионални центри за стручно образование и обука прераснуваат во водечки образовни установи за стручна подготовка на учениците и граѓаните и остануваат еден од врвните приоритети на Министерството за образование и наука. Во моментов во тек е реконструкција на два од Регионалните центри, во Куманово и во  Охрид, а следи и тендер за реконструкција на Регионалниот центар Тетово. Наша цел е, во рамки на реформите на средното стручно образование, да ги развиеме во центри на ексклузивност, иновативност и релевантност, каде ќе се образуваат кадри кои ќе ги пресретнуваат барањата на пазарот на труд.

Ова го нагласи министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешниот состанокот на Секторската работна група за образование, вработување и социјална политика. Тој појасни дека следи опремување на центрите, како еден од условите за нивна функционалност и квалитетно образование, за што Министерството за образование и наука ќе ја информира Владата, со цел средствата да бидат вклучени во буџетското планирање за 2023 година.

„Што се однесува до наставниот кадар во регионалните центри за стручно обрзаовние и убука, со поддршка на Швајцарската амбасада и проектот E4E@mk и на УНДП се спроведуваат обуки и натамошно унапредување на нивните вештини, затоа што наставниците се најважната алка во воспитно-образовниот процес“, посочи министерот.

Секторската работна група за образование, вработување и социјална заштита е механизам за консултација и соработка меѓу институциите на извршната власт, граѓанските организации, донаторската заедница, како и другите заинтересирани страни, преку која се креираат и имплементираат политиките за конкурентност и инклузивен раст во трите сектори, кои се финансирани преку ИПА програмите.

Next Post
Украински борец од челичарницата Азовстал. Фото: Дмитро Козацки

(15 Фотографии) Украински војник објавил фотографии од Азовстал пред да биде заробен

НАЈНОВО

Владата на Србија усвои уредба за ограничување на маржите на 20 проценти

August 28, 2025

Почина возач откако излетал од патот кај селото Облешево

August 28, 2025

Еден починат и тројца повредени во сообраќајка кај Градско

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Триатлонецот Јован Кутаноски утре ќе плива од Струга до Радожда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk