Дмитро Козацки, борец и фотограф на Азовскиот полк, ја документирал опсадата на фабриката Азовстал. Пред да биде фатен, тој ги објавил своите дела на социјалните мрежи, барајќи тие да се споделуваат што е можно повеќе.
Ова се дел од неговите фотографии и описи кои го прикажуваат реалниот живот во челичарницата Азовстал во Мариупол Украина, за време на битките со руските агресори.
Предупредување: оваа галерија содржи слики што некои луѓе може да ги вознемират.
1. Украински војник во опколената фабрика за челик Азовстал стои под зрак на сончева светлина.
2. Украински војник повреден во борби. Како што напредуваше опсадата и се намалуваа залихите, условите за ранетите се влошија.
3. Војник се грее на оган.
4. Опсадата на Азовстал траеше скоро три месеци.
5. Војник решава крстозбор за време на затишје во борбите.
6. Украински војници одмораат во нивниот бункер.
7. Условите за живеење во тунелите и бункерите на челичарницата во најдобар случај беа рудиментирани.
8. Повреден војник.
9. Војник кој ја загубил левата рака во борбите.
10. Повреден војник добива третман.
11. Украински борец со повреди на лицето.
12. Автопортрет на Дмитро Козацки во внатрешноста на Азовстал.
13. И покрај повредите, овој борец остана пркосен.
14. Украинка жена војник во руинираната челичарница Азовстал.
15. Украински војник пуши за време на затишје во борбите во фабриката за челик Азовстал, Мариупол, Украина.
Подготвил: Ј. Ѓорѓиоски