Министерката за кулрура Бисера Костадиновска-Стојчевска, говорејќи за заштитата на македонското културно наследство, во интервју за Фронтлајн, рече дека била изненадена кога се соочила со фактот дека Мегаломанскиот проект Скопје 2014 го нема во документацијата на Министерството, затоа што во основа бил политички проект.
„Доста е културата да биде политички инструмент за било какво друго делување. За таа цел кога јас дојдов тука како министер кога уште ме држеше адреналинот сакав да видам како се реализирал проектот Скопје 2014, најозлогласениот проект, и побарав инфо од службите. Тогаш добив еден интерес емаил во кој ме информираат дека проект Скопје 2014 не постои!.Јас бев изненадена и прашав како е можно да не постои? Па Скопје 2014 се она што во културата не смее да биде. Така министерке ми одговорија, таков проект како Скопје 2014 во Министерството не постои. Тое е поделен проект меѓу неколку инстанции и институции. Затоа сметам дека политиката мора да се тргне од културата. И за тоа треба сите заедно да работиме“.
Министерството започнува со процесот на заштита на културното наследство како што се обичаите од Галичка свадба, затоа што и тоа е културно наследство како што се охридските бисери, како што е Матејче, Небрегово. Само така, вели министерката, ќе го зајакнуваме чуството на македонски идентитет кој некој се обидува да ни го негира.
„Јас како министерка нема да го повторам она што се случуваше со градењето на „Скопје 2014“ кога се спушти заштитата на оние објекти кои беа од монументално значење за да изградиме нешто што денес се распаѓа.“