ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Државниот врв, поранешниот премиер Заев и српскиот претседател Вучиќ ja поздравија одлуката за признавање на автокефалност на МПЦ-ОА

May 24, 2022 16:37
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Патријархот Порфириј по денешното сослужување на заедничка литургија со арихиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан во Соборниот храм во Скопје, рече дека Соборот на Српската православна црква ја благословува и одобрува афтокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Македонскиот државен врв со изразено задоволство од одлуката на Српската православна црква, упати честитки до МПЦ – ОА, поглаварот г.г. Стеван и до граѓаните од православна вероисповед.

Одлуката на СПЦ за прифаќање на афтокефалноста на МПЦ-ОА ќе придонесе за исправање на историските неправди

Претседателот Стево Пендаровски упати честитики по повод донесената одлука од соборот на Српската православна црква за прифаќање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

„Упатувам честитки до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) г.г. Стефан и до сите граѓани од православна вероисповед по повод едногласно донесената одлука од соборот на Српската православна црква за прифаќање на автокефалноста на МПЦ-ОА. Ова е радосна вест за сите граѓани на земјава од православна вероисповед, која следи по одлуката на Вселенската Патријаршија за прием на нашата Црква во канонско единство и во евхаристиско општење, се наведува во пораката на претседателот Пендаровски.

Одлуката на Српската православна црква, наведува натаму Пендаровски, ќе придонесе за исправање на историските неправди и отвора можност за нов и необременет духовен раст на Охридската Архиепископија.

Автокефалноста на МПЦ-ОА е историска вест и автентичен дел на македонскиот идентитет

Премиерот Димитар Ковачевски од Рим со честитка за автокефалноста на МПЦ-ОА.

„Голем е денешниот ден, историски, кога ги чествуваме Светите браќа Кирил и Методиј, да ја добиеме и автокефалноста на нашата црква како рамноправна со другите и како признание за нејзиното наследство во духовната величина на древната Охридска Архиепископија, и како автентичен дел на македонскиот идентитет. Се радуваме заедно со сите православни христијани во нашата земја на историската вест со која Македонската православна црква – Охридска Архиепископија се стекнува со автокефалност.

Оваа со векови очекувана вест е соопштена денеска на заедничката служба со Српската православна црква, на која патријархот Порфириј соопшти дека одлуката МПЦ-ОА да  биде прифатена како автокефална црква ќе биде предложена пред Вселенската патријаршија со препорака таа да биде прифатена од сите православни цркви. Нека е честит овој голем ден за сите православни верници и за сите граѓани“, истакна премиерот во честитката.

Од денес македонскиот народ нема проблем ниту со името на својата македонска земја, ниту со својата МПЦ-ОА, ниту со својата безбедност и сигурност

„Македонскиот народ и сите граѓани на Северна Македонија, сите заедно одлучивме да живееме во мир, единство, слога и напредок. Одлучивме да решаваме проблеми и да создаваме иднина. Договорот од Преспа, членството во НАТО, Отворен Балкан и политиките на добрососедство се причината зошто од денес македонскиот народ нема проблем ниту со името на својата македонска земја, ниту со својата Македонска православна црква – Охридска архиепископија, ниту со својата безбедност и сигурност. Живееме и ќе живееме во слога со нашите балкански браќа и сестри, целосно ја заокружуваме нашата духовна и државна независност., истакнува во објава на Фејсбук поранешниот премиер Зоран Заев, кој во 2020 година упати писмо до патријархот Вартоломеј и Цариградската патријаршија за обезбедување автокефалност на МПЦ-ОА.

Заев во писмото го потсетува патријархот Вартоломеј на нивната средба во Истанбул на која бело побарана асистенција и заложба на вселенскиот патријарх за Македонската православна црква – Охридска архиепископија да биде признаена како автокефална и да биде примена во заедницата на помесните православни цркви.

Делегација на Синодот на МПЦ-ОА што ја предводеше г.г. Стефан, архиепископ на МПЦ-ОА, придружуван од митрополитите г. Тимотеј и г. Климент, тогаш искажаа благодарност за писмото упатено од Заев до патријархот Вартоломеј и Цариградската патријаршија и ја поздравија оваа инцијатива како важна поддршка од Владата во процесот на обезбедување автокефалност на МПЦ-ОА.

Убава вест за Македонците, за сите православни верници, и за сите граѓани на Северна Македонија. Честитки до МПЦ и до сите верници кои долго време ја чека оваа правична одлука

Шефот на дипломатијата Бујар Османи и министерот за Економија Крешник Бектеши упатија честитики до МПЦ и до сите верници по повод одлуката на СПЦ за прифаќање на афтокефалноста на МПЦ-ОА.

Убава вест за Македонците, за сите православни верници, и за сите граѓани на Северна Македонија
Саборот на Српската православна црква (СПЦ) донесе правилна одлука со која ја прифаќа автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА). Честитки МПЦ и до сите верници кои што долго време ја чека оваа правична одлука, наведува Османи на својата Фејсбук страница.

Пендаровски и Вучиќ од Давос ја поздравија одлуката на СПЦ за прифаќање на афтокефалноста на МПЦ-ОА

Српскиот претседател Вучиќ кој на Економскиот форум во Давос имал куса средба со претседателот Стево Пендаровски, заедно ја поздравиле одлуката на СПЦ за прифаќање на афтокефалноста на МПЦ-ОА.

„Со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ на кратка средба во Давос заеднички ја поздравивме одлуката на СПЦ за прифаќање на автокефалноста на МПЦ – ОА, како чекор во вистинска насока, објави претседателот Пендаровски на својата Фејсбук страница.

Ќе бидат известени сите помесни православни цркви по својот каконски ред и тие да го прифатат афтокефалниот статус на МПЦ-ОА

По објавувањето на радосната вест од страна на патријархот Порфириј, следеше долг и громогласен аплауз од верниците кои се наоѓаат во и околу Соборниот храм „Свети Климент Охридски“.  Како што рече патријархот, Светиот собор на СПЦ му дал должност на Синодот, во соработка со архиепископот Стефан и неговиот Синод, да разработат техничко-организациски детали, по што ќе следи свеченото прогласување на официјален акт. Патријархот Порфириј, најави дека после ова ќе бидат известени сите помесни православни цркви по својот каконски ред и тие да го прифатат афтокефалниот статус на МПЦ-ОА.

Ј. Ѓорѓиоски

 

Next Post

Зеленски: Од почетокот на агресијата руската армија изврши 1.474 ракетни и 3.000 напади со авиони и хеликоптери (ВИДЕО)

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk