ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицотакис: Ердоган греши ако мисли дека нема да ги бранам суверенитетот и суверените права на Грција

May 25, 2022 15:46
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Ако претседателот Ердоган мисли дека нема да ги бранам суверенитетот и суверените права на Грција и нема да ја известам меѓународната јавност дека Турција се однесува како ревизионистичка сила, греши, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Давос, за време на дискусијата со претседателот на Светскиот економски форум Борге Бренде, јави дописничката на МИА од Атина.

Коментирајќи ја изјавата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган дека за него повеќе не постои Мицотакис, грчкиот премиер потсети дека по март 2020 година „кога Турција се обиде како оружје да ја искористи миграцијата и испрати десетици илјади очајни луѓе да ја поминат грчката граница“, а Грција ги бранеше границите, „претседателот Ердоган го велеше истото дека нема да зборува со мене“.

– Можеби повторно ќе се премисли. Но, на крајот на денот ние сме соседи, мораме секогаш да разговараме и мораме секогаш да ги одржуваме отворени каналите за комуникација. Ние никогаш нема да бидеме тие што нема да разговараме со соседите. Од друга страна, ако претседателот Ердоган мисли дека нема да ги бранам суверенитетот и суверените права на Грција и нема да ја известам меѓународната јавност дека Турција се однесува како ревизионистичка сила, греши, истакна Мицотакис.

Тој додаде дека мислел оти средбата со Ердоган пред два месеци во Истанбул била добра, но еден месец потоа имало голем број прелети на турски авиони над грчките острови и потенцираше дека однесувањето на Турција е целосно неприфатливо и конкретното прашање ќе го покренува секогаш кога ќе може, „сè додека Турција не го промени нејзиното однесување“.

Next Post

Брисел сака да го криминализира прекршувањето на санкциите против Русија

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk