ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Тренчевска: Проблемот со насилството врз жените се решава координирано меѓу надлежните институции и граѓанскиот сектор

May 25, 2022 12:08
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Насилството врз жените повеќе не е семеен или приватен проблем, туку е општествен. Нема да се толерира и со сите можни средства ќе се спротивставиме на кој било облик на насилство врз жените, вклучително и семејното насилство. За овој проблем не треба да молчиме и да го игнорираме, туку сите заедно и координирано, со заедничка посветеност да го решаваме, истакна министерката за  труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

На отворање на тркалезна маса на оваа тема, таа рече дека тоа е обврска и од Истанбулската конвенција која Северна Македонија ја ратификуваше меѓу првите земји, во 2017 во Собранието, и дека во 2018 веднаш се пристапило кон подготовка на Акциски план (2018-2023) за имплементација на обврските од Конвенцијата.

-Насилството врз жените, вклучително семејното насилство, не е нешто што се случува кај нас, туку и во многу подемократски и поразвиени и економски богати земји. Но, ние како држава треба да сме подготвени брзо да одговориме на секој случај на насилство врз жена и да ги подготвиме и граѓанските организации и надлежните институции за брз одговор на овој проблем, рече Тренчевска во воведното обраќање на тркалезната маса организирана од Националниот совет за родова рамноправност.

Една од првите активности од петгодишниот Акциски план е донесувањето на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство. Посочи дека во изминатиот период се донесени пет подзаконски акти произлезени од овој закон, а наскоро ќе бидат подготвени уште три кои, како што рече, ќе значат многу подобра имплементација на одредбите од Истанбулската конвенција во однос на итните мерки и на координацијата  и мултисекторскиот пристап на сите институции во одговор на овој проблем.

-Исто така, и она што не постои во државата, а е неопходно, тоа е систем на податоци и следење на секој случај од пријавата до неговата завршница, за да видиме каде затајува системот и да можеме да реагираме, но и да имаме податоци кои понатаму ќе послужат за креирање нови мерки и политики со цел успешно справување со родово базираното насилство вклучително и семејното насилство, истакна министерката за  труд и социјална политика.

Соопшти и дека МТСП во изминатиот период пристапило кон отворање сервиси за заштита на жртвите со намера да има покриеност во сите седум плански региони во државава. Отворени се 13 центри за жени и нивните деца жртви на семејно насилство, 10 специјализирани советувалишта за жртвите и осум советувалишта за психосоцијален третман на сторителите на семејно насилство.

Next Post
МИА

Благоев: Бугарската православна црква ќе мора да ја признае Македонската црква

НАЈНОВО

ВИ

Нов силен земјотрес го погоди Кипар, втор потрес од над 5 степени за пет часа

November 12, 2025

Алиу: Министерство за здравство е посветено темелни реформи на системот на примарна здравствена заштита

November 12, 2025

Евростат: Просечната плата во ЕУ порасна за 5,2%, најниска во регионот е во Бугарија

November 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Руската сенка врз Балканот – хибридна војна преку криминални мрежи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што треба да се случи за пожарникарите го добијат тоа што одамна им следува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 12 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мичио Каку за 3I/ATLAS: Не е вонземски вселенски брод, туку древна комета стара 7 милијарди години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Евростат: Просечната плата во ЕУ порасна за 5,2%, најниска во регионот е во Бугарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk