На 28 мај во Домот на културата во Прилеп ќе се одржи Оpen beauty Hair Fest Prilep 2022. Фестивалот во ваков формат се одржува за прв пат во Македонија, меѓутоа е продолжение на досега направени два фестивали од ваков вид во Прилеп, но сега ребрендиран и подигнат на високо професионално ниво од меѓународен карактер, информираат организаторите.
Организатор на фестивалот е Здружение за настани, манифестации и едукации ПРОЕВЕНТ – Прилеп во соработка со Секцијата на фризери, бербери и козметичари – Прилеп. Директор на фестивалот е Крешимир Крешо Здравески, кој е воедно и креатор и реализатор како на претходните, така и на овој фестивал. На вчерашната пресконференција организаторите на Open beauty Hair Fest посочија дека фестивалот ќе се состои од:
– Саем со штандови на кој ќе се претстават еминентни светски брендови за производи на нега на коса, опрема и алати, како од земјата така и од Италија, Србија, Хрватска и Албанија.
Детско фризерско шоу кое ќе се случува за прв пат во градот под Марковите кули, а ќе се состои токму со програма наменета за деца. Децата и нивните родители ќе се запознаат со нега на детска кожа, коса, витамини и минерали, препарати корисни за децата во време на лето, постковид состојба… и сето тоа претставено со сценски настапи, кловнови, магионичари, маскоти со омилените детски ликови, принцови и принцези..
– Сценски шоу настапи на еминентни фризерски имиња од Македонија и како специјални гости ни доаѓаат два тима од Србија, европски и светски носители на награди и едукатори во областа на фризерството
– Забава, на која ќе се дружиме и дополнително ќе ја збогатуваме меѓусебната соработка, ќе го развиваме занаетот…
Учество ќе земат Денс студио Њу џенерејшен, Детскиот хор “Весели ѕвончиња“, маскоти, аниматори како и едукативна презентација од стручно лице, претставник на Зегин, кој е воедно и еден од покровителите на фестивалот, кој ќе ги едуцира дечињата преку интересна интеракција и анимација за нега и грижа за детското здравје. Исто така децата ќе видат нови модни трендови на коса и прекрасни детски фризури, за што ќе има професионален сценски настап со деца модели.
Од 12.30ч. започнува делот со настапи на тимови од: СОУ Ѓ. Петров насока фризери и козметичари, Теса бјути академија, Фарма вита, Кене, Србија гламур тим, Србија барберинг тим, Тим Прилеп и тим Македонија. Прилеп, уште еднаш докажува дека е град лидер во одржување и унапредување на занаетчиство.
Настан трае од 11.00 до 18.00 час на 28.05.2022 година ова сабота во Прилеп, ЦК „Марко Цепенков“.
Билетите се во продажба на билетарата на ЦК „Марко Цепенков“.