ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ: Добро е Франција да учествува и да направи иницијатива што може да ни помогне во преговорите со Бугарија

May 26, 2022 10:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во гостувањето во „Клик плус“ изјави дека постои внимание и интерес од страна на Франција како претседавач, но и желба, во овој сензитивен момент, да се даде шанса и да се помогне во процесот на разговори со Бугарија, пишува во соопштението на Секретаријатот за европски прашања. 

– Се приметува зголеменото француско присуство во регионот и кај нас, во последниот период. Тоа е за нас е добро, мислам дека е добро Франција да се ангажира, нејзиното внимание да биде фокусирано на Западен Балкан, поточно на нашиот случај. Тоа значи дека треба на сите политички фактори и тука и во Бугарија да им се стави јасно на знаење дека почнувањето на нашите преговори е стратешки интерес за ЕУ, не само за нас, туку и за ЕУ и дека особено во контекст на војната во Украина, за да нема опасност со натамошна дестабилизација и загрозеност на позицијата на ЕУ во регионот. Но дали тоа има сила ќе видиме на крајот, рече Маричиќ во „Клик плус“.

Вицепремиерот истакна дека сите предлози коишто до сега биле на маса, почнувајќи од германското претседателство, се користени во текот на разговорите исто како што биле предложени, со одредени модификации, а португалскиот предлог го потенцираше како прифатлив и нешто што се смета дека е фер решение.

– Ние сме на принципиелна позиција дека сè што ќе се договори и сè што ќе се стави во документ дека е договорено, ние немаме проблем да го имплементираме како билатерална обврска. Меѓутоа кога нешто се бара да влезе во преговарачката рамка тоа е веќе прашање за сите држави членки. А тука имаме држави членки кои не се согласуваат со тоа, а и ние не би сакале нашиот процес на евроинтеграции да се претвори во процес само за дискусија за билатерални прашање со Бугарија, посочи Маричиќ.

За Иницијативата „Отворен Балкан“, вицепремиерот Маричиќ рече дека „Отворен Балкан“ е прва иницијатива која руши бариери во регионот, повикувајќи да се вклучат и другите држави кои сметаат дека има што да прават заедно, без притоа да се оптоварени со политичките прашања и на практичен начин да им го олеснат живеењето на сите граѓани во регионот.

– Идејата а отворен Балкан е добра идеја, добра соработка помеѓу држави од овој регион којшто долго време не направиле нешто за намалување на бариерите, за олеснето движење, олеснет бизнис, олеснето функционирање на економските оператори и мислам дека е прва иницијатива после долго време којашто доаѓа искрено од државите од Западен Балкан, истакна Маричиќ во гостувањето на ТВ21.

Next Post

(ВИДЕО) Кадиров до Полска: По Украина, ако ни се даде команда, за шест секунди ќе ви покажеме за што сме способни

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk