ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

СЕФФ: Преку концептот зелена економија до отпорна економија со забрзан раст

May 26, 2022 10:40
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Природните непогоди поврзани со климатски промени го намалуваат растот за 0,4 процентни поени во просек, додека кај помалку развиените економии и до 0,7 процентни поени, покажуваат пресметките на Меѓународниот монетарен фонд. Проценките се дека во претстојниот период негативниот ефект ќе биде уште поголем, особено кај помалку развиените економии, што укажува дека од особено значење е да се имаат предвид климатските промени при креирањето на идни економски политики.

„Енергија, зелена транзиција и инфраструктура“ е еден од столбовите врз основа на кој ќе се темели дискусијата на претстојниот Скопје економски финансиски форум – СЕФФ, кој се одржува во организација на Министерството за финансии на 30 и 31 мај и на кој државници, признати експерти од областа и бизнис заедницата ќе дебатираат на тема „Одржување економски раст во време на неизвесност и потоа“.

-Тековната криза покажа колку светот може да биде ранлив на движењата на пазарните цени на енергијата и храната. Оттаму вложувањето во одржлива енергија и одржливо земјоделство се искачија на врвот на агендата на приоритети на креаторите на политиките. Концептот „зелена економија“ подразбира економија која е отпорна и е во состојба да создаде подобар квалитет на живот за сите во еколошките граници. Овој сеопфатен концепт го поттикнува и намалувањето на сиромаштијата, развивањето на руралните подрачја, безбедноста на храната, пристап до чиста вода и енергија. Секоја земја треба да има долгорочен план за развој на зелената економија со јасно определени приоритетни подрачја, стои во соопштението од тимот на СЕФФ.

Како што објаснуваат, во насока на финансирање на зелената агенда, Министерството за финансии во Планот за заздравување и забрзување на економскот раст, предвиде начини за финансирање на зелената агенда, а тоа да не резултира со проширување на дефицитот. Преку Планот ќе се мобилизираат средства од приватниот сектор во насока на реализација на проекти кои ќе го забрзаат економскиот раст и ќе продуцираат додадена вредност, а воедно ќе бидат во насока на еколошките стандарди.

Планот за заздравување и забрзување на економскиот раст воведува нови финансиски инструменти кои се насочени кон исполнување на „Зелената агенда“ и зелената транзиција, како зелените обврзници кои имаат за цел мобилизирање на средства кон проекти за унапредување на животната средина, односно подобрување на енергетската ефикасност, намалување на загадувањето, одржливо земјоделство, заштита на водниот и копнениот екосистем, обезбедување чист транспорт и одржливо управување со водите, негување технологии што се еколошки, итн. Со Планот се предвидува и формирање фонд за енергетска ефикасност, во рамки на Банката за развој на Северна Македонија, а средствата, меѓу другото, ќе бидат наменети за идни енергетски ефикасни инвестиции, како и финансирање на инвестициите во енергетска ефикасност и обновлива енергија во јавните згради. Исто така, предвидено е финансирање и преку Фонд за поддршка на мали и средни претпријатија за нивен раст и развој, како и стратешки зелен инвестициски фонд со цел инвестирање во проекти на големи претпријатија.

-Подигањето на општата свест за климатските проекти и зелената економија, е особено значајно бидејќи инвестирањето во зелени проекти, пред се, одржлива енергија и одржливо земјоделство ќе ја направи нашата економија значително поотпорна на глобални шокови од типот на овие кои се соочуваме во моментот, стои во соопштението. 

Next Post

„Болна“ изјава на руска водителка - „Во сите земји што ѝ даваат оружје на Украина има мајмунски сипаници“

НАЈНОВО

Буџет 2026: Рекордни долгови и мали инвестиции – дали државата оди кон финансиски ризик?

November 17, 2025
Скриншот

Синер по трофејот во Торино: За мене, нема подобар начин да се заврши сезоната

November 17, 2025
Скриншот

Макрон: Се надевам дека мирот во Украина ќе биде постигнат пред 2027

November 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 17 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали е штетно да се пие вода додека јадеш?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kолку е опасно ако пиете кафе на празен стомак наутро?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Британија вози во лева лента, а речиси целиот свет во десна?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk