ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ќе се поедноставува постапката за поставување фотоволтаици

May 27, 2022 14:12
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски денеска соопшти дека се работи на законско решение и подзаконски акти кои наскоро ќе се најдат пред пратениците во Собранието и кои ќе овозможат олеснета постапка и процедури за поставување фотоволтаици, идентични со оние во западноевропските држави.

– Во „Осломеј“ е пуштена првата фотоволтаична централа од десет мегавати и таму веќе се во подготовка практично проектите за почеток на реализација на уште две по 50 мегавати фотоволтаични централи и уште една од 10 мегавати која ќе биде во сопственост на АД ЕСМ, а другите две по 50 ќе бидат на приватни инвеститори, едниот од Бугарија, едниот од Турција коишто на основа на јавно-приватно партнерство и ќе ги изградат на старите наоѓалишта во „Осломеј“, изјави Ковачевски по одбележувањето на 65-та годишнина од пуштање во употреба на хидросистемот „Вруток“, одговарајќи на новинарско прашање за инвестициите во фотоволатици.

Тој најави и дека се поедноставуваат постапките што ќе им овозможат на граѓаните да инсталираат фотоволтаични централи на своите покриви.

– Веќе е во изработка законско решение коешто прво треба да ги олесни градежните процедури за изработка на централа. И тоа законско решение ќе се најде пред пратениците во текот на следниот квартал, а второто е правилата за приклучување коишто исто така се во надлежност на Министерството за економија и на коишто се работи, при што ќе се обезбеди електричната енергија за разлика од сега да биде преземена од дистрибутерот, рече Ковачевски.

Министерството за финансии, како што најави, веќе работи на подзаконски акт за да може да се воведе категоријата на даночен застапник при што ќе се олесни на дистрибутерот на електрична енергија да може да ја презема и да издаде фактура за домаќинството коешто не е даночен обврзник.

– Со тие решенија како и со зголемување на постојниот капацитет од 4 киловати на 6 киловати, колку што е предлогот, како и дуплирање на капацитетот за компаниите коишто сакаат да стават на своите покриви, ќе се олесни постапката, односно ќе имаме постапка која што ќе биде идентична со постапката и процедурите во западноевропските држави каде што најголемиот број од нас имале можност да видат дека во најголемиот дел од покривите се инсталирани фотоволтаични централи иако ние како држава имаме многу подобра сончева инсулација за разлика од западноевропските држави, изјави Ковачевски.

Next Post

Од септември планирано зголемување на платите на универзитетските професори

НАЈНОВО

Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

October 30, 2025

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk