ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шаќири се обрати на прогласувањето на победниците на натпреварот на ученички компании во организација на Џуниор Ачивмент

May 27, 2022 19:40
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА

Петта година по ред Џуниор Ачивмент организира натпревар на ученички компании, чија цел е учениците со поддршка на наставници ментори да учат преку работа и така да ги развиваат практичните компетенции, креативноста и иновативноста, но и претприемачкиот и натпреварувачкиот дух.

На манифестацијата на која беа прогласени победниците за учебната 2021-2022 година се обрати и министерот за образование и наука Јетон Шаќири, кој рече дека натпреварот преминува во традиција, затоа што е концептот е интересен за младите и тие сакаат да решаваат предизвици.

„Благодарност до организаторот што со своите заложби за спроведување на овие неформални образовни активности надвор од училишните клупи, му дава една додатна вредност на воспитно – образовниот процес во нашата земја и го поттикнува претприемничкиот и натпреварувачкиот дух на учениците, на кои и навистина им треба да добиваат вакви шанси преку кои ќе ги покажуваат своите лидерски способности, својата креативност и иновативност, што всушност се совпаѓа со целите на реформите кои ги прави Министерството за образование и наука и Владата за да имаме посовремен образовен систем“, рече Шаќири.

Информираше дека претприемничкото образование е дел од суштинската реформа на основното образование која е во тек и тоа се внесува во сите задолжителни и изборни предмети, но и во воннаставните активности, каде постои можност. Сите нови наставни програми и учебници се изработуваат врз основа на 8 национални стандарди за постигања на учениците, а токму еден од нив е „техника, технологија и претприемништво“.

„Според истиот, од учениците се очекува да стекнуваат компетенции кои се поврзани со способности за преземање иницијативи, за креирање на идеи и претворање на идеите во производи и услуги, за носење на одлуки и преземање ризик“, додаде Шаќири.

Честитајќи им на победниците, упати порака до сите учесници да бидат истрајни и упорни во секоја битка и да се водат по идеологијата за доживотно учење бидејќи како што рече, едукацијата е процес, а не чин кој завршува на конкретен датум.

Во рамки на тридневната манифестација што се одржа во Струга, за прв пат беше избран и наставник на годината, како и најпретприемачко училиште.

Next Post

СДСМ: Го поздравуваме тоа што ДКСК отвори предмет, Велковски да поднесе оставка

НАЈНОВО

Трамп во Белата куќа одржа состанок за Газа со зетот Кушнер и поранешниот британски премиер Тони Блер

August 28, 2025

Владата на Србија усвои уредба за ограничување на маржите на 20 проценти

August 28, 2025

Почина возач откако излетал од патот кај селото Облешево

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Триатлонецот Јован Кутаноски утре ќе плива од Струга до Радожда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk