ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шаќири во Струга: Училиштето „Браќа Миладиновци“ ќе биде целосно реновирано со поддршка од МОН

May 27, 2022 17:15
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Основното образование значително се модернизира во последниот период, не само преку изработка на нови наставни програми и учебници, туку и преку вложувања во инфраструктурните услови. Само во моментов градиме седум објекти за основно образование и 4 училишни спортски сали, а реконструктивни активности се одвиваат во 40тина училишта. Исто така, во сите основни училишта се испорачува и нова опрема за кабинетите по природни науки и јас денеска лично се уверив дека динамиката на испорака на новите нагледни средства и помагала по математика, хемија, физика и биологија се одвива според планираното, така што до почетокот на новата учебна година голем дел од активностите за подобри услови за основните ќе бидат целосно заокружени.

Ова го истакна министерот за образование и наука по посетата на основните училишта “Браќа Миладиновци” во центарот на Струга, “Јосип Броз Тито” и подрачно основно училиште во селото Враништа, коe е во склоп на основното училиште “Јосип Броз Тито” од градот Струга , каде разговараше со училишните раководства за постигањата на овие училишта во тековната учебна година, но и за предизвиците со кои тие се соочуваат.

Министерот рече дека поддршката која МОН ја обезбедува, како досега така и во иднина ќе биде подеднаква за сите општини и училишта во државата, па така нема да изостанат ниту струшките училишта.

Најави дека основното училиште „Браќа Миладиновци“ во следниот период целосно ќе се реконструира. Воедно информираше и дека наскоро се планира да започне изградбата на нова спортска сала во основното училиште „Нури Мазари“ во село Делгожди, каде недостасува ваков објект, а инвестицијата е предвидена со проектот на МОН за изградба на училишни спортски сали и реконструкција на постојни училишни објекти, финансиран од Банката за развој при Советот на Европа.

Next Post

Шаќири во Охрид и Струга, Алиу во Кичево: Младите да се фокусираат на средното стручно образование кое нуди поголема веројатност за личен успех

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ацо Лукароски. Фото: лична архива

    Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Врисокот на Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk