ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Тренчевска: Граѓанскиот сектор е наш партнер во унапредувањето на социјалните услуги

Таа изразила поддршка кон здружението во нивните активности и изрази подготвеност за заеднички активности и проекти кои имаат за цел унапредување и воведување на нови социјални услуги кои ќе го унапредуваат квалитетот на живот на децата со попреченост и ќе помогнат до нивно поголемо вклучување во секојдневниот живот.

May 27, 2022 10:57
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска имаше средба со претставниците на Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“, на која се разговараше за досегашните и идни активности на здружението.

– Ова здружение претставува сервисна служба за асистивна технологија што нуди три вида услуги за деца со попреченост: индивидуализирана поддршка за користење компјутер и интернет, индивидуална проценка на потребите од асистивна технологија и советодавно-консултативна поддршка за примена на асистивната технологија. Претставниците информираа дека услугите се засновани на пристапот насочен кон личноста и имаат за цел да го поттикнат личниот развој на децата со попреченост. Преку примената на технологијата и професионалниот тим од специјални едукатори, логопеди и лица од ИТ секторот оваа организацијата претставува единствена и уникатна сервисна служба во нашата држава, велат од МТСП.

Министерката Тренчевска истакна дека вклучувањето и подобрувањето на положбата на децата и лицата со попреченост е еден од клучните приоритети на Министерството за труд и социјална политика и на Владата.

Таа изразила поддршка кон здружението во нивните активности и изрази подготвеност за заеднички активности и проекти кои имаат за цел унапредување и воведување на нови социјални услуги кои ќе го унапредуваат квалитетот на живот на децата со попреченост и ќе помогнат до нивно поголемо вклучување во секојдневниот живот.

– Во наредниот период заеднички ќе се развиваат раната интервенција, услугите за советување на семејствата кои имаат деца со попреченост како и примената на асистивната технологија, со цел зајакнување на социјалните услуги, зголемување на нивната пристапност и достапност а се во најдобар интерес на децата со попреченост од најрана возраст, соопштуваат од МТСП.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk