ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА БИЗНИС

Претседател на ССК, Ангелоски: Бизнисите да реагираат претприемачки, институциите да обезбедат поддршка

May 28, 2022 16:27
in БИЗНИС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Ситуацијата во која се наоѓаат бизнисите е исклучително тешка и неизвесна, економските оператори немаат резерви со кои би можеле да ја одржуваат нарушената ликвидност, бидејќи кризата со која се соочуваме трае многу долго, а предизвиците се надоврзуваат еден на друг. За да се постигне баланс и надминување на предизвиците деловните субјекти мора да реагираат претприемачки, односно да бараат нова шанса во секој проблем, но и да добијат соодветна добро димензионира и таргетирана поддршка од државата, истакна претседателот на Сојузот на стопански комори, Трајан Ангелоски кој учествуваше на „Марили бизнис форум“ кој денеска се одржува во „Инекс Олгица Хотел“ Охрид. Претседателот го истакна и значењето на жените во бизнисот и женското претприемништво и активноста на жените претприемачки во ССК и воопшто. На форумот како учесник и спонзор беше и Тања Дејаноска, претседателката на Комората на приватно здравство при Сојузот.

„Кризната ситуација во која се наоѓаме веќе трета години целосно го промени начинот на водење на бизнис. За да се остане во игра, односно да се сочува деловната активност треба да се развијат нови вештини како и нагласена способност за прилагодување. Растот на цените на енергенсите предизвика сериозен раст на инпутите во производните процеси, зголемувањето е на дневно основа и многу тешко се планира и одржува деловната активност. Синџирите на снабдување целосно се нарушени. Прогнозите за наредниот период се многу неизвесни, сите релевантни финансиски институции ги коригираат очекувањата за стабилизација на економиите и го одложуваат периодот за враќање на состојбите пред почеток на кризата.  Пакетот на мерки кои го донесе Владата има позитивен ефект во надминување на несаканите ефекти, но сметаме дека постои простор за нивно надополнување и модификација бидејќи мерките имаат пренагласена социјална компонента и треба да се насочени повеќе кон поддршка на реалниот сектор бидејќи таму се креира додадена вредност, истакна Ангелоски кој беше панелист во сесијата  „Економски баланс- турбулентни предизвици“, заедно со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Ангелоски истакна дека и Сојузот се насочува кон креирање на нови можности за своите членови преку вклучување во нови регионални иницијативи како што е „Зелен навигатор на Западен Балкан“, кој ќе обезбеди поддршка во зелената трансформација на економијата.

„Иницијативата „Зелен навигатор на Западен Балкан“ делува во насока на намалувањето на влијанието на климатските промени врз регионалната економија и општеството воопшто. Значајно е тоа што преку „Зелен навигатор“ во фаза на акредитација е Зелен климатски фонд, преку кој ќе се финансираат климатски одговорни инвестиции во приватниот и во јавниот сектор во земјите од Западен Балкан, што ќе биде значаен придонес кон забрзување на зелената трансформација“,  истакна Ангелоски.

Во панел дискусијата тој потенцираше дека во нашата земја жената како човечки капитал не е ставена во функција на економски раст и развој бидејќи половина од работоспособното женско население воопшто не се наоѓа на пазарот на труд.

„Ако сакаме да постигнеме побрзо надминување на последиците од кризата и економско закрепнување неопходно е да со создаде поволно окружување во земјата кое ќе создаде услови за вработување и самовработување на жените. Сојузот со години наназад работи на креирање политики за поддршка на женското претприемништво, но факт е дека има уште многу што да се направи. Најголеми предизвици со кои се соочуваат жeните кои сакаат да отворат бизнис се стереотипите за улогата на жената во нашето општество што преставува серозен обесхрабрувачки фактор и пристапот до финансиски средства. На централно и локално ниво поттикнуваме и стимулираме креирање мерки и политики за вклучување на жените на пазарот на труд. Факт е дека жените повеќе се присутни во трудо-интензивни бизниси, но еден од аспектите на проектот е и нивно насочување кон многу попрофитабилните гранки“, потенцираше претседателот на Сојузот на стопански комори.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 3, 2025
Фото: Укринформ

Осум загинати во нови руски напади врз Украина

July 3, 2025

Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk