ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНФО ПИТ

Завршува обновата на пистата на скопскиот аеродром, од 17 часот нормализирање на летовите

May 28, 2022 07:37
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ
Share on FacebookShare on Twitter

„ТАВ Македонија“ денеска ќе ја заврши реконструкцијата на пистата на Меѓународниот аеродром Скопје и од 17 часот летовите ќе почнат да се одвиваат во текот на цело деноноќие.

Градежните работи на пистата  почнаа на 28 март откога и распоредот на летови беше изменет, односно летовите се одвиваа од 17 часот до 9 часот секој ден, а од 9 часот до 17 часот се работеше на пистата, која  е долга 2950 метри и широка 45 метри.

Пистата се обновува првпат по  1996 година, кога реконструкцијата траела два и пол месеца, а аеродромот тогаш бил целосно затворен и авиосообраќајот бил префрлен на охридскиот аеродром.

-Овој голем инвестициски проект завршува по 62 дена градежни работи за обновување на асфалтот на пистата на скопскиот аеродром. Ние во ТАВ сме задоволни и уверени дека успешното завршување на проект од овој вид, првпат по реконструкцијата на пистата во 1996 година, ќе обезбеди повисок квалитет на аеродромските услуги. Би сакале да се заблагодариме на сите засегнати страни и чинители бидејќи навистина ја цениме нивната соработка, поддршка и придонес, изјави Метин Батак, генерален директор на „ТАВ Македонија“.

„ТАВ Македонија“ ги советува патниците редовно да ги следат и проверуваат веб-страниците на авиокомпаниите, со цел да ги видат најновите/евентуалните измени за летовите од/до Меѓународниот аеродром Скопје.

На веб-страницата на аеродромот, во категоријата „Летови“ (Пристигнувања/Заминувања) информациите за евентуални промени во редот на летање се ажурираат редовно и во реално време, како што „ТАВ Македонија“ ги добива од авиокомпаниите.

извор: МИА
Next Post

Ѓуркова: Реализираме проекти што оставаат траен белег на регионот

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Генералниот директор на Би-Би-Си поднесе оставка поради документарец за Трамп

November 9, 2025

(ВИДЕО) Ѓорѓиевски вели дека акцијата 72 часа чисто Скопје е успешно реализирана – собрани над четири и пол илјади тони отпад

November 9, 2025

Која музичка ѕвезда ја отелотворува твојата хороскопска енергија

November 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Ѓорѓиевски вели дека акцијата 72 часа чисто Скопје е успешно реализирана – собрани над четири и пол илјади тони отпад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што е проектот „Stargate“ – мегапорталот кон иднината на ВИ вреден 500 милијарди долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk