ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ: 22 милиони евра средства од ИПА за зелен еколошки транспорт

May 29, 2022 12:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заштитата на животната средина не е само една од секторските политики на Европската Унија, туку и основа на сите други јавни политики и е тесно поврзана со економскиот и социјалниот развој.

Затоа и Унијата нè поддржува преку ИПА фондовите да ги постигнеме своите еколошки цели и постепено да ги подига на ниво на стандардите на ЕУ.

Проектот „Интеграција на Зелен транспорт во градовите “ од Програмата за прекугранична соработка со Грција 2014-2020 помеѓу Општина Битола и Општина Ресен од македонска страна и Општина Преспа, Општина Флорина, Технолошкиот образовен институт на Западна Македонија (TEIWM) и Универзитетот од Патра (UPAT) од Република Грција, во вредност од 1.017.627,40 евра, има за цел да ја промовира зелената електромобилност во јавниот транспорт, а ќе резултира со:

– Обезбедување на четири (4) електрични минибуси и четири (4) комунални автомобили кои ќе префрлаат туристи, студенти и персонал на релации што ќе бидат дефинирани, како и жители, особено постари, инвалиди и далечни жители, по барање.

– Ќе бидат проектирани и имплементирани четири (4) надворешни паркиралишта поддржани од обновливи извори на енергија (ОИЕ).

– Преку користење на паметни телефони,на паркинзите за е-минибуси ќе биде распоредена интелигентна апликација за транспорт Client-Server.

– Оптимално распоредување на рути за превоз на туристи, стари лица, персонал и студенти, ќе го олесни решавањето на проблемот со кој се соочуваат општините во преку-граничниот регион.

Проектот „Зелен транспорт“ ги исполнува идите и заложите за заштита на животната средина и делува како пример за идна интеграција на слични иновативни инфраструктурни системи во општините, со цел да имаме почист воздух и активна употреба на електрични возила. Важно е да се намали емисијата на штетни материи во воздухот и тоа е она за што сите треба да се бориме.

Како дел од проектот “Интеграција на зелен транспорт во градовите”, во тек се работни активности за поставување на фотонапонски панели на кровот на Спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола и поставување на станица за полнење на електрични возила.

Вкупниот буџет на ИПА Програмата за прекугранична соработка со Грција 2014-2020 изнесува 45.470.066 евра ЕУ и национално финансирање, а скоро половината, 22.735.032 евра се искористени во проекти од втората приоритетна оска – Заштита на животната средина-транспорт.

Европската Унија останува најголем донатор во земјава, која во периодот од 2007 па сè до денес инвестирала близу 100 милиони евра во земјата, што е уште еден јасен и кредибилен показател дека ЕУ ја поддржува интеграцијата на Северна Македонија и регионот, поттикнувајќи го развојот на локалните економии и инфраструктурата.

Нема отстапување од транзицијата кон чиста, циркуларна економија и мерките за запирање на климатските промени, за целосно постигнување на целите од Европскиот зелен договор, кој е клучен за процесот на европска интеграција.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Хуманитарна акција за помош на бегалците од Украина кои престојуваат во Северна Македонија

НАЈНОВО

Лукашенко негира вмешаност на Белорусија во инцидентите со дронови над Полска и Литванија

September 16, 2025
Фото: Скриншот, видео на Х

(ВИДЕО) Израелски воени авиони го нападнаа јеменското пристаниште во Ал Худаида

September 16, 2025

Почина славниот актер Роберт Редфорд

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО ВЕСТ) „Хибридни напади“ покрај контејнерите во Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица и фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk