ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Битиќи: На граѓаните им е доста од политичари што се напаѓаат меѓу себе наместо заеднички да ги „напаѓаат“ проблемите

Проблемите на нашите стари и млади, проблеми, од чие решавање зависи нашата заедничка иднина. Затоа, наместо на предвремени избори, ја повикувам опозицијата на конструктивност, соработка, разум, демократичност и на државност. А изборите ќе дојдат… во 2024 година.

May 30, 2022 08:19
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фатмир Битиќи. Фото: Дехран Муратов

Фатмир Битиќи. Фото: Дехран Муратов

Share on FacebookShare on Twitter

Она што сега опозицијата го нарекува АКТИВНА блокада е всушност само ЈАВНА во моментов, бидејќи тие работат против граѓаните и демократијата повеќе од една година. Но, за ВМРО-ДПМНЕ, демократијата е исто како и транспарентноста за Данела. Непостоечка.

Ги следам коментарите на истакнатите опозиционери и навистина сум зачуден како лесно коментираат дека тоа што единствено ѝ требало на Северна Македонија во моментов се предвремени парламентарни избори. Не е неочекувано опозицијата да повикува на избори, но да заборавиш и да занемариш сѐ друго, освен сопствената желба за власт?!

Заборавајќи на потребата на граѓаните за стабилност, предвидливост и одговорност кон нивното секојдневие и искажан став на последните парламентарни избори пред помалку од 2 години.

Кога би имале опозиција со желба, љубов, идеја за развој и разум за својата држава, би се случувало следното:

ОПОЗИЦИЈАТА НЕ БИ БЛОКИРАЛА ПОВЕЌЕ ОД 1 ГОДИНА

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата на РСМ, со кој е предвидена можност за отпремнина од над 20.000 евра за војници со навршени 45 години, односно по 1.000 евра отпремнина за секоја година помината во Армијата.

Предлог-закон за граѓанска одговорност за клевета и навреда; Предлог-закон за Академија за судии и јавни обвинители.

Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за наставниците и стручните соработници и средните училишта – Закон кој на наставниците ќе им обезбеди правна сигурност и подобрување на нивниот статус.

Голем број закони, кои на подолг рок и потенцијална криза ги решаваат проблемите на земјоделците и семејствата што живеат од производство на тутун.

Законските измени со кои на секое домаќинство ќе му се овозможи поставување на фотоволтаичен систем на сопствениот покрив, со што ќе имаат производство на струја за сопствени потреби, а вишокот на струја да може да го продава назад во електроенергетската мрежа.

Ова се само неколку предлог-закони, а допираат до животите на илјадници наши граѓани. ВМРО-ДПМНЕ ги блокира повеќе од една година со илјадници амандмани. Така што она што сега го нарекуваат АКТИВНА блокада е всушност само ЈАВНА во моментов, бидејќи тие работат против граѓаните и демократијата, повеќе од една година. Но, за ВМРО-ДПМНЕ, демократијата е исто како и транспарентноста за Данела. Непостоечка.

ЗАЕДНИЧКИ БИ ГО КРЕИРАЛЕ НОВИОТ ИЗБОРЕН ЗАКОНИК

СДСМ има слух за барањата на помалите политички партии и дел од граѓанската јавност, кои ценат дека сегашниот изборен модел треба да се прoмени во насока да овозможи поголема инклузивност и повеќе шанси за и други помали политички партии да добијат свои претставници во парламентарниот дом.

Ова е реформата што треба да се направи пред следните парламентарни избори, а за која е потребно време за широка дебата и постигнување консензус, а која ќе ја подобри нашата парламентарна демократија.

НАЦИОНАЛНАТА РАЗВОЈНА СТРАТЕГИЈА 2022-2042

Ќе ја креираме оваа натпартиска визија за развојот на државата, важна за иднината на сите наши деца.

ОПОЗИЦИЈАТА ВИСТИНСКИ БИ СЕ РЕФОРМИРАЛА

Силна и стабилна опозиција е клучна за демократијата на една земја. Би сакал да видам реформирање и искрено приближување до концептот на „Едно општество“, напуштајќи ги националистичките ставови.

За жал, она што го гледам се истите кадри од пред 10 години, оние кои и нѐ воведоа во режим. Кадри со такви морални принципи кои немаат проблем постојано да се во комуникација со бегалецот во Будимпешта, па и такви кои упорно работеа против покачувањето на минималната плата на 18.000 денари.

Граѓаните добро знаат дека стартувањето со изборниот процес значи дополнителен удар за економијата и стопирање на развојните проекти – во момент кога секој изгубен ден значи многу.

Тоа граѓаните го препознаваат и за тоа опозицијата повторно ќе биде казнета кога и да има избори. Бидејќи на нашите граѓани веќе им е доста од политичари што се напаѓаат меѓу себе наместо заеднички да ги „напаѓаат“ проблемите.

Проблемите на нашите стари и млади, проблеми, од чие решавање зависи нашата заедничка иднина. Затоа, наместо на предвремени избори, ја повикувам опозицијата на конструктивност, соработка, разум, демократичност и на државност. А изборите ќе дојдат… во 2024 година.

Колумна на Фатмир Битиќи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски: Потребно е зголемување на кредитот за автопатот Кичево – Охрид

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп: Многу сум разочаран од Путин, воена опрема вредна милијарди долари ќе биде испратена во Украина

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп ѝ се закани на Русија: Ќе испратиме „врвно оружје“ до НАТО сојузниците и Украина, ако не прекине војната за 50 дена

July 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Дуња Иванова вицешампионка на Балканското првенство во МТБ Маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од „свадба без невеста“ до сликање на автопат: Власта се гордее со проект што до вчера го нарекуваше фијаско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk