ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ-Абазовиќ: На патот кон ЕУ најважно е регионот да соработува

May 30, 2022 22:01
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со соработка и заедничко делување многу побрзо и полесно ќе се надминат проблемите со кои цел регион се соочува, како последица на новата геополитичка ситуација, а врз граѓаните нема да се рефлектираат во голема мера последиците од војната, особено во економска смисла, се заклучоците од средбата на вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ и црногорскиот премиер, Дритан Абазовиќ, јавува МИА.

Како што пренесуваат од кабинетот на Маричиќ, во рамки на билатералната средба од денешната еднодневна посета на Црна Гора, тој истакнал дека напредокот на една земја од Западен Балкан е напредок на сите и цел регион.

– Напредокот на една земја од Западен Балкан е напредок на сите и цел регион, тоа е важна лекција која мора да ја знаме и дека сè што правиме на регионално ниво, на темелите на европските вредности, ќе носи мир, стабилност и напредок, а тоа ќе значи благосостојбата на нашите граѓани, рече вицепремиерот Маричиќ.

Според Aбазовиќ, овој регион долго време трпи различни последици од неодговорните политики, кои, како што рече, биле во претходниот период.

– Нашата главна цел е полноправно членство во ЕУ на сите земји кои претендираат да бидат дел од едно големо европско семејство. На тој пат треба да си помагаме. Единствениот начин да го постигнеме тоа е со поголема соработка и зголемување на севкупната доверба, истакна Абазовиќ на средбата.

Од Кабинетот пренесуваат дека на состанокот се разговарало и за можноста за проширување на Иницијативата „Отворен Балкан“, со цел иницијативата да го добие полното значење на отвореност на цел Западен Балкан.

Билатералната средба се одржа на маргините на Самитот за демократија во Југоисточна Европа „Војна во Европа: Влијание врз Балканот“, организиран од Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk