ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи на бизнис форум во Токио ги презентираше суштинските параметри на економијата на Северна Македонија

May 30, 2022 11:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Како полноправна членка на НАТО и на самиот праг на преговорите со ЕУ, Република Севена Македонија во моментот претставува атрактивна бизнис дестинација, со најголем потенцијал за прогресивен развој и одлични бизнис можности за компаниите кои претендираат да го освојат европскиот пазар, порача денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи, кој во рамки на работната посета на Јапонија организираше бизнис форум во седиштето на Јапонската организација за надворешна трговија (ЈЕТРО) во Токио.

Османи, како што соопшти МНР, ги презентираше суштинските параметри на економијата на Северна Македонија, како земја со стабилен економски и финансиски систем и со исклучително поволни услови за странски инвестиции.

Министерот за надворешни работи ја истакна одличната геостратешка позиција на земјава, отворениот пристап до европскиот пазар од над 650 милиони потрошувачи, ниските оперативни трошоци, како и висококвалификуваната работна сила.

Османи нагласи дека многу европски компании во последниве години со отворањето нови производствени капацитети во нашата земја, како и проширување на постојните инвестиции, ја имаат согледано компаративната предност на нашата економија и поволностите кои ги нуди владината Програма за инвестиции.

Пред учесниците на форумот тој истакна дека Северна Македонија е особено атрактивна дестинација за странските инвеститори од автомобилската индустрија, но и енергетиката, ИТ индустријата и други сектори.

Настанот го отвори претседателот на ЈЕТРО, Казушиге Нобутани, а покрај министерот Османи, презентации одржаа и генералниот директор на претставништвото на ЈЕТРО во Виена, Татсуо Камино, како и Хиденори Ватанабе, директор на претставништво на јапонската ИТ компанија Writerity Inc. во Северна Македонија.

На бизнис форумот учествуваа повеќе од триесетина високи претставници на реномирани јапонски компании, меѓу кои Хонда, Митсубиши, Нипон Коеи, кои изразија силен интерес за поволностите кои Северна Македонија ги нуди за странските инвеститори.

Next Post
Фото: Фронтлајн / Мартина Ацковска

(ФОТО) Сообраќајна несреќа пред Соборниот храм во Скопје, сообраќајот е блокиран

Најново

Фото илустрација Фронтлајн

Ново од „Безбеден град“: Код за верификација при регистрација на возилата за точна достава на казните

April 29, 2026

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство  

April 29, 2026
Фото ССМ

ССМ повикува на масовен протест за 1 Мај: 260.000 работниците преживуваат со плата под 600 евра

April 29, 2026

СДСМ бара оставка од Тошковски: Врсничко и семејно насилство, жртви, скандали, убиства и дрога од 5 тони

April 29, 2026

Мицкоски: СДСМ лажеа дека ќе банкротираме, дека ќе дојдат мигранти, дека се блокирани ИПАРД фондовите, за Вајц лажеа и за се беа демантирани

April 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk