ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски: Предвремени избори може да направиме и утре, но што би решиле тие во однос на кризите со кои се соочуваме

Според Пендаровски, факт е дека „конструкцијата на бугарската политичка сцена“ во моментов е таква што отежнува да се постигне договор.

May 30, 2022 12:38
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Предвремени избори може да направиме и утре, но што би решиле тие во однос на кризите со кои се соочуваме, оцени претседателот Стево Пендаровски, додавајќи дека се сомнева оти со предвремени избори би имало деблокада на евроинтеграциите или промени во делот на цените на енергија и храна.

Зборувајќи за политичката нестабилност и турбуленции дома, Пендаровски во емисијата „Утрински Брифинг“ истакна дека не гледа како кризите би можеле да се решат со нова политичка структура.

–  Високите цени на енергенсите, храната и инфлацијата не е само домашен производ. Енергетската криза почна шест-седум месеци пред војната во Украина. На кој начин нова влада тука ќе има влијание на глобалните пазари на животни продукти, изјави Пендаровски.

Според Пендаровски, факт е дека „конструкцијата на бугарската политичка сцена“ во моментов е таква што отежнува да се постигне договор.

–  Перспективата за ЕУ во догледно време за жал е завршена. Шансите се се помали и помали. Не можам да кажам дека се завршени. Не можам да кажам, граѓани од утре одиме на сосема друга стратешка перспектива, бидејќи друга подобра не гледам, но мора да ги менаџираме тие очекувања кои беа нереално високи изминативе година-две, изјави претседателот на државата Стево Пендаровски во „Утрински брифинг“.

Во однос на „Отворен Балкан“, Пендаровски рече дека имал резерви кон оваа иницијатива од 2019 година и дека таа не треба да биде алтернатива за ЕУ, посочувајќи дека и политичарите нема да имаат кредибилитет по 20 години ЕУ и НАТО, да излезат и кажат пред граѓаните дека има друга европска иницијатива.

– Засега јас немам проблем со таа иницијатива, бидејќи не гледам дека се декларира и суштински е алтернатива на европските интеграции… „Отворен Балкан“ и тоа е став на ЕУ, треба да биде само дел од Берлинскиот процес за регионот. Засега ставот на ЕК е дека сите шест земји од Западен Балкан треба да бидат дел и сите шест се дел од Берлинскиот процес, додека во Отворен Балкан се само три, изјави Пендаровски.

Во однос на војната во Украина, Пендаровски рече дека според сите проценки, нема никакви позадински преговори, а најмалку сериозни политички преговори меѓу Русија и Украина.

– Практично двете страни на Атлантикот, денеска ако прашувате, велат дека војната ќе потрае. Разликите меѓу нив се само меѓу тоа дали ќе трае со години или со месеци. Никој не предвидува дека за две-три недели ќе заврши војната, изјави Пендаровски.

За тоа како сето тоа ќе се одрази на нас, Пендаровски, вели дека од воено-политичкиот дел имаме јасни обврски како земја членка на НАТО и ние согласно нашите ресурси активно помагаме.

– Во однос на високите цени на енергија и храна, наредниве месеци или следната зима, ние ќе ја делиме судбината на Европа. Бидејќи, сме држава со лимитирани ресурси, ние ќе трпиме повеќе, бидејќи немаме така силен одбранбен механизам како една Германија или Франција, изјави Пендаровски. /MИА/.

Next Post

Маричиќ срдечно пречекан од Абазовиќ: Вистински и реален момент е ЕУ да демонстрира лидерство и во Западен Балкан

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија

August 16, 2025

Зеленски: Без трилатерална средба, треба да следуваат построги санкции за Русија

August 16, 2025

Стармер: Зеленски мора да учествува во идните мировни преговори

August 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карл Билд: Каква порака сака да испрати Лавров  кога се појави во Алјаска со маица на СССР?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk