ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Собраниската расправа за измените на Законот за земјоделство и рурален развој продолжува утре

May 30, 2022 18:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Собранието на Република Северна Македонија попладнево  расправаше за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, со кои треба да се овозможи исплата на субвенции на производителите на тутун, jaвува МИА.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го поддржува донесувањето на измените на Законот, но, инсистира на, како што рекоа повеќето пратеници, „прекинување со манипулациите со субвенциите“. Според нив, штрајковите покажуваат дека земјоделството е на колена, а, како што велат, власта лошо се справува со актуелните предизвици.

Мнозинството на СДСМ, пак, посочи дека субвенциите во земјоделството постојано се зголемуваат, а земјоделците се особено задоволни од неселективниот пристап, кој, според нив, во минатото често се практикувал.

Пратеникот од СДСМ, Панчо Минов во врска со изјавите за манипулацијата со субвенциите од страна на опозициските пратеници, посочи дека проблемот е во откупувачите.

– Земјоделците не се незадоволни од Владата, таа си ги има исполнето сите обврски, проблемот е во откупувачите, проблемот е во пазарите. Она што значи субвенции и помош, што го дава државата е сè субвенционирано, рече тој.

Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека не се сомнева во, како што рече, „добрите намери на ова законско решение на предлагачите“.

– Она во што се сомневам и претходно го имам кажано е каде е министерот за земјоделие, се крие министерот за земјоделие, рече тој.

Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој е на дневен ред на 64. седница на Собранието, која, според најавите, продолжува утре во 11 часот.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска преку соопштение повторно апелираше да се усвојат законските измени, посочувајќи дека со тоа директно ќе им се помогне на преку 20.000 семејства кои живеат од производство на тутун. Ќе се овозможи, како што наведоа, уште утре да се реализира исплата на субвенциите.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Ковачевски: Отворањето на претставништво на Европската инвестициска банка е силна поддршка за економскиот развој на државата

НАЈНОВО

Шукова: Понудата на Ѓорѓиевски беше недобронамерна и омаловажувачка, а извинувањето неискрено и задоцнето

October 14, 2025
Скриншот

Виолината на Ајнштајн продадена за над 1 милион фунти на аукција во Велика Британија

October 14, 2025

Натали Портман од фестивалот во Лион: Лудо е да се зборува за нешто друго освен за славење на мирот

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk