ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

МВР демантира дезинформации објавени и споделени на неколку портали

May 31, 2022 09:41
in ZOOM IN, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за внатрешни работи категорично и целосно ги демантира дезинформациите објавени и споделени од страна на порталите Експрес, Курир, Нетпрес, Република…со сензационалистички наслови: „Предупредување, сцени на насилство, партиски активист со банда претепува човек – Спасовски молчи“, „Крвнички претепан прилепчанец среде бел ден: Напаѓачите активисти на СДСМ кои купувале гласови – од МВР не реагираат!“, „Сред бел ден, маж крвнички претепан во Прилеп“, „Среде бел ден, маж крвнички претепан во Прилеп“ и сл., повикувајќи се на споделено видео објавено на Twiter од страна на профилот @gledacot2, како целосно неточни.

„Прво, видеото објавено со вчерашен датум, 30.05.2022, потекнува од кривично – правен настан „Насилство“ извршен на  17.04.2022 во Прилеп. Делото е извршено врз две лица од Прилеп, а не врз едно како што е наведено во текстот, едниот на 49-годишна, другиот на 52-годишна возраст, додека биле на работно место во ЈЗУ Општа болница Прилеп, кои биле физички нападнати од Д.А.(36), П.А.(32), Е.Д.(29) и З.Ј.(38).

Второ, овој кривично-правен настан е целосно расчистен, а на четирите лица кои го извршиле, по што се лишени од слобода, од страна на судија на претходна постапка им е одредена мерка притвор и од страна на СВР Битола – ОВР Прилеп по итна постапка им е поднесена кривична пријава за стореното кривично дело.

Трето, како што може да се види од податоците, ниту еден од кривично-пријавените лица не е лицето кое се споменува во објавата на Твитер, која е составен дел на текстот, што е уште една во низата манипулации објавени во интегралниот текст на порталот.

Ова се фактите, а сѐ друго се инсинуации и тенденциозно пласирање на лажни вести, кои имаат крајна цел само да наштетат, не само на институцијата, туку да нанесат штета на  работењето на полицијата како гарант на редот, безбедноста и владеењето на законите. МВР продолжува со интензивни мерки и активности за санкционирање на прекршителите на законите и со засилено темпо ќе работи на заштита на законитоста, како квалитетен сервис во интерес на сите наши граѓани.

А со изнесувањето на овие лажни вести, споменатите портали ја дезинформираат јавноста и ги доведуваат во заблуда граѓаните на Република Северна Македонија. Затоа, Министерството за внатрешни работи, согласно законот, бара веднаш да биде објавен овој демант, а невистиниот текст да биде повлечен. Во спротивно, ќе ги користи сите законски расположиви средства кои стојат на располагање“, се наведува во демантот од МВР.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Со дефиле на 50 делегации во Скопје започна Европскиот младински олимписки фестивал 2025

July 20, 2025
Фото: Скриншот

Капибара – глодарот кој ја победи агресијата

July 20, 2025

Светски температурен биланс: 49,6 °C во Иран, -74,2 °C на Антарктикот

July 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џабир Дерала назначен за Генерален секретар на НЕПФ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маж се удавил во Охридското Езеро во близина на Струга

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и Николоски со ново видео: Од Климештани до Охрид вклучени околу 1.200 работници, над 400 камиони и повеќе од 100 булдожери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk