ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Петровска во посета на САД, ќе има средби во Пентагон и Стејт Департментот

May 31, 2022 09:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Славјанка Петровска од денеска ја почнува работната посета на Соединетите Американски Држави. За време на посетата, Петровска во Пентагон ќе се сретне со потсекретарот за одбрана, задолжен за политички прашања Колин Кал, а ќе има средби и со помошничката на секретарот за одбрана Селесте Валандер, командантот на Националната гарда на САД, генералот Даниел Хокансон, командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт и секретарот на Копнената војска на САД, Кристин Вормунт.

Како што информира Министерството за одбрана, за време на работната посета на САД, министерката Петровска ќе има средба и со помошничката на државниот секретар и шеф на Бирото за воено-политички работи, Џесика Луис, во Стејт Департментот.

–Со соговорниците ќе гразговараме за транслатлантското партнерство, промовирањето на евро-атлантските вредности, актуелните геополитички случувања и безбедносни закани, но ќе стане збор и за проектите за модернизацијата на Армијата кои ги реализираме со значајна американска помош и американска опрема од најновата генерација, порача Петровска од Вашингтон.

Агендата на министерката Петровска предвидува и учество на првиот стратешки дијалог помеѓу Северна Македонија и САД каде ќе биде дел од Делегацијата на Владата на Република Северна Македонија предводена од министерот за надворешни работи, Бујар Османи, а во чиј состав ќе бидат и министерот за економија Крешник Бектеши и министерката за култура Бисера Костадиновска.

-Преку одржувањето на стратешкиот дијалог, Северна Македонија и САД влегуваат во нова фаза во изградба на меѓусебните релации, што е особено значајно не само за земјата, туку и за целокупниот регион, особено во контекст на актуелните безбедносни закани. Воедно, тоа е и израз на нашите заеднички заложби за зајакнување на врските и промовирање на споделените вредности за демократски развој и стабилност во регионот, нагласи Петровска.

Програмата на посетата на Петровска, исто така, предвидува и средби во Белата куќа, во Националниот Совет за Безбедност, како и средби со високи официјални претставници на НДИ и ИРИ. Петровска на овие средби ќе биде заедно со останатите министри во Владата на Република Северна Македонија, кои ќе бидат дел од стратешкиот дијалог помеѓу Северна Македонија и САД .

Агендата на Петровска вклучува и посета на Пенсилванија и средба со проректорот на Воениот Колеџ, Џејмс Брекенриџ, како и со офицерите на Армијата на Република Северна Македонија кои се во моментов на школување во оваа престижна военообразовна институција во САД.

Министерката Петровска ќе се сретне и со директорот на Агенцијата за безбедносна соработка, Џејмс Хрш, ќе положи венец на Гробот на непознатиот војник на Националните воени гробишта „Арлингтон“, а ќе има и заедничко интервју за Гласот на Америка на македонски јазик, со заменик-помошничката на секретарот за одбрана на САД, Лора Купер.

Next Post

ЕУ се договори за нафтено ембарго врз Русија, со исклучок за земјите без излез на море

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk