ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Петровска во посета на Воениот колеџ на копнената војска на САД во Пенсилванија: Високи резултати на нашите офицери кои се школуваат во оваа престижна институција

May 31, 2022 18:59
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска во рамките на работната посета на САД го посети  Воен колеџ на копнената војска на САД во државата Пенсилванија, етаблирана и високо рангирана воено-образовна институција на американската армија.

Во Воениот колеџ, Петровска се сретна со генералот-мајор, Дејвид Хил и со проректорот на Колеџот, д-р Џејмс Брекенриџ.

„Образованието на Воениот колеџ е согласно највисоките воени стандарди и навистина ми е задоволство што преку ИМЕТ програмата со САД, Северна Македонија испраќа свои офицери кои тука го до-усовршуваат своето воено образование. Таа практика ќе продолжи и ќе се интензивира“, нагласи министерката на средбата.

Петровска подвлече дека Армијата на Воениот колеџ на копнената војска на САД ги испраќа офицерите кои се планирани за поставување на високи лидерски позиции имајќи предвид дека на овој Колеџ тие стекнуваат знаења на стратегиско ниво, запознавајќи се и решавајќи комплексни стратегиски предизвици. Додаде дека постои сериозен потенцијал за продлабочување на соработката помеѓу Колеџот и Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, реномирана воено-образовна институција која продуцира кадри за Армијата на Република Северна Македонија и армиите на земјите од регионот.

За време на посетата, министерката беше брифирана за академските програми на Колеџот, а учествуваше и на тркалезна маса со Катедрата за европски прашања, посветена на европската безбедносна политика, новата безбедносна реалност во Европа предизвикана од руската инвазија на Украина, како и регионалната соработка и предизвиците по регионалната безбедност.

Во Воениот колеџ на копнената војска на САД министерката се сретна и со двајца офицери на Армијата кои во моментов се школуваат на Воениот колеџ, полковникот Наумоски и потполковникот Миленковски, на кои им порача дека развојот на военото образование е клучот за успешна и професионална Армија и дека токму на овој начин можеме да изградиме поблиски односи помеѓу двете држави, посилна меѓуармиска соработка и лични контакти кои ни овозможуваат да функционираме како едно со сите сојузници во Алијансата.

До денеска, десет офицери на Армијата биле дел од образовните програми на Воениот колеџ во Пенсилванија.

 

Next Post
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Во Собранието расправа за предлог-закон за финансирање од ЕБОР проект на ЕСМ за соларни фотоволтаици

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk