ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Со директен пренос во околу 20 земји се одржа вториот светски добротворен телемаратон „Спасете ја Украина, сопрете ја војната“

May 31, 2022 11:54
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во неделата на 29 мај, во главните градови на Германија и Украина истовремено започнa вториот хуманитарен телемаратон Save Ukraine — #StopWar. Целта на настанот е да се привлече вниманието на светската заедница на драматичните настани што се случуваат во Украина и да се соберат средства за набавка на медицинска опрема за здравствените установи кои обезбедуваат медицинска помош на ранетите и повредените, вклучително и набавка на хируршки Рендгенски машини. Собирањето средства се спроведе преку глобалната иницијатива United24. Сите донации автоматски ќе бидат префрлени на сметките на Народната банка на Украина, доделени на Министерството за здравство на Украина.

Симболично е што настанот се одржи на 29 мај – Денот на Киев, и e посветен на храбриот украински отпор во текот на тримесечната борба против Руската Федерација. Организаторите на настанот нагласуваат дека Киев е срцето на Украина и престолнина на слободата, која никогаш не била и не може да се освои. Затоа гледачите ширум светот мора да запомнат дека ова е колевката на Европа и местото каде што започна нашата историја. Клучните пораки на проектот се #Stoprussia, #StandWithUkraine, #StopWar, #SaveUkraine, #Be BraveLikeUkraine, #CapitalOfBravePeople.

Уметниците настапија во живо од Киев и од неговиот збратимен град Берлин во близина на Бранденбуршката порта, каде што ќе се наоѓа сцената. Меѓу учесниците на настанот беа Okean Elzy, Tina Karol, The Hardkiss, MONATIK, Beissoul & Einius, Antytila, ONUKA, alyona alyona и многу други. Специјални гости на настанот беа победниците на Изборот за песна на Евровизија 2022 – бендот Калуш Оркестар кој го воодушеви целиот свет со песната „Стефанија“ и ѝ донесе на Украина толку важна и посакувана победа на културниот фронт.

За време на двочасовното емитување кое беше реемитувано од ТВ канали во околу 20 земји во Европа и во светот, како и на стриминг платформи и социјални медиуми, политички лидери, музичари, уметници, јавни активисти, актери, спортисти, волонтери од ширум светот комуницираа со мултимилионската публика која повика да ја поддржи Украина.

Концертот започна во 20 часот по средноевропско време и траеше повеќе од два часа. Се одржа пред Бранденбуршката порта во Берлин. Покрај настапите на уметниците, беа емитувани и зборови на поддршка од политичари и познати личности од целиот свет.

Меѓу политичарите со порака за поддршка на Украина се обрати и македонскиот премиер Димитар Ковачевски (1:17:24 од видеото).

Скриншот од обраќањето на премиерот Ковачевски на Вториот светски добротворен телемаратон „Спасете ја Украина, сопрете ја војната“

Ова е втор телемаратон организиран во корист на Украина. Целта е да се соберат средства за набавка на медицинска опрема за здравствените установи кои обезбедуваат медицинска помош на ранетите и повредените, особено хируршки апарати за рендген.

Првиот телетон се одржа на 27 март и беа собрани повеќе од 1,2 милиони евра преку заеднички напори за решавање на најтешките хуманитарни прашања предизвикани од војната. Беше реемитуван од 30 ТВ станици ширум светот и следен од околу 80 милиони луѓе.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Повторно голема заплена на дрога во прилепско од страна на МВР во вредност од околу 300.000 евра

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk