ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Притвор за охриѓанец, кој пренесувал над 86 килограми марихуана по патот Прилеп-Градско

June 1, 2022 15:36
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, како и спречување на службено лице во вршење службено дејствие.

Како што денеска соопштија од Јавно обвинителство на Република Северна Македонија, осомничениот 24-годишник од Охрид, вчера по магистралниот пат Прилеп-Градско пренесувал 86,11 килограми марихуана, наменета за натамошна продажба.

– Дрогата ја сместил во четири патни торби, на задното седиште од автомобилот, па во близина на бензинска пумпа на излезот од Прилеп бил сопрен од полициски службеници. Кога се обиделе да извршат контрола, со употреба на сила, тој ги спречил службените лица. На даден знак, тој најпрво го запрел возилото, а кога полициските службеници се доближиле да го проверат неговиот идентитет и сообраќајните документи, нагло со големо забрзување се дал во бегство, возејќи во правец кон полицајците. За да го избегнат ударот, тие скокнале на страна, а осомничениот со автомобилот удрил во службеното полициско возило и во уште еден автомобил во близина. Потоа продолжил да вози кон Градско и кога пристигнал кај местото викано „Ленишки мост“, запрел и започнал од автомобилот да ги исфрла торбиците со дрога. Полициските службеници го забележале, го совладале и го лишиле од слобода, се појаснува во соопштението од Јавно обвинителство на Република Северна Македонија.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Прилеп доставил предлог за определување мерка притвор, оценувајќи дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство и да се обиде да ги прикрие трагите од извршеното дело.

Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​/МИА/

Next Post

(ВИДЕО) „Бегаме“ – нова песна на Дани Димитровска и Пијан Славеј

НАЈНОВО

Герасимовски: Во недела заеднички да ја потврдиме победата

October 31, 2025

Мицкоски до гласачите на СДСМ: Заокружете го бројот 9 за да почне катарза во вашата партија

October 31, 2025
Кој е Арне Слот менаџерот што ќе го наследи Клоп во Ливерпул?

Од шампион до „просек“: Што се случува со Ливерпул?

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како дојде до укинување на санкциите кон Додик: Кој сѐ и зошто лобираше за него во САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk