ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Под истрага шест лица за трговија со луѓе

June 2, 2022 14:52
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, по преземените предистражни дејствија, денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица. Четворица од осомничените заедно, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејства што претставуваат повеќекратно остварување на кривичното дело Трговија со луѓе, а останатите двајца се товарат дека го сториле истото кривично дело.

Како што информира Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, од декември 2021 година до април 2022-ра, трето и четврто осомничените – мајка и сестра на посебно чувствителната жртва, ја врбувале девојката​ злоупотребувајќи ја својата положба како најблиски роднини на жртвата врз која имаат контрола, како и нејзината ментална неспособност. Потоа ја предавале на прво и второ осомничените кои ја прифаќале и засолнувале во нивните домови заради сексуална експлоатација со нив и со други НН лица, за што на осомничените мајка и сестра на жртвата им давале надомест во пари или друга корист.

Жртвата е пронајдена од страна на полициските службеници од МВР во домот на шестоосомничениот кој ја прифатил со цел сексуално и трудово да ја искористува за надомест од 5.000 денари.

Надлежниот обвинител, ценејќи дека постојат услови кои укажуваат на неопходноста од определувањето на мерката притвор, односно дека осомничените ќе се дадат во бегство, ќе ја попречуваат истрагата со сокривање или уништување на трагите на кривичните дела, особено земајќи го предвид фактот што од страна на обвинителството сѐ уште се преземаат дејствија за собирање и обезбедување на докази важни за правилно утврдување на фактичката состојба. Воедно, постои основано сомневање доколку осомничените бидат на слобода можат да влијаат и да се закануваат на потенцијалните сведоци, како и да го повторат делото. Поради сите овие околности, обвинителството му предложи на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје да им биде определена мерка притвор на сите осомничени./МИА/

Next Post

? Мицкоски отвори срце: Луксузните предмети од белата палата одат на аукција, некако ќе се преживее и без нив

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk