РИБАРО
Вмровците решиле да ги ублажат ценовните шокови на граѓаните. Ќе организирале аукција на сите луксузни предмети од белата палата. Собраните средства од продажбата ќе ги дадат во Буџетот на Македонија или директно на народот, тврдат извори од седиште на вмровците за АХА.
Видете, нека остане ова помеѓу нас ве молам, но ние мора да побрзаме, бар нешто да ќариме, рече Мицкоски за АХА. Појасни дека ионака најверојатно белата палата ќе им биде одземена од страна на судот ради Талир 2, вака бар некој популистички поен ќе чариме. Ќе мора да се навикнеме да живееме и без палатата и без кристалните лустери, персиските теписи, таписерии, кинеските вазни, сребрените прибори за јадење, теретаната и други дребулии, кои за нас, најискрено, живот значат.
Ќе се преживее некако, мора да се мисли на наредните избори, неволно за АХА коментира Мицкоски.
Од друга страна, пак, група граѓани, најавуваат собири пред белата палата на вмровците, пред парламентот и пред владата.
Велат, трогнати биле за хуманиот потег на Мицкоски да распродава и дели на народот, но мора да се има реципроцитет. – Не смееме да ги оставиме нашите народни претставници на леб и вода, па макар ние умреле за јадење, вели еден од организаторите на собирите.
„Ќе донираме храна, гориво и други потребни средства за загрозените пратеници и министри. Луксузот, пак, на вмровците од белата палата, покрај со основните потребштини ќе мора да го покриеме и со јајца од препелица, бифтеци од бизон, ексклузивни вина од шпанија, плац на водно, еден или два мајбах мерцедеси… Гревотичка се. Знаете ли колку се изнамачија за од тоа жолто зградиче што го имаа да стигнат до овој велелепен бел дворец? Не е едноставно тоа, но ќе се обидеме да им компензираме, тие се нашата иднина“, вели тој за АХА.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK