ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЗНМ: Осуда за заканите кон новинарката на ИРЛ

June 3, 2022 19:21
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ја осуди заканата упатена кон новинарката на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), Маја Јовановска од страна на  раководителот на Секторот за урбанизам во Општина Маврово-Ростуша, Садредин Елезоски, информира МИА.

Како што информира ЗНМ, Елезоски упатил погрдни зборови кон Јовановска, заканувајќи и се со зборовите „Ќе видиш ти што ќе ти се случи ако дојдеш тука“.

– Екипа на ИРЛ вчера беше во Маврово на средба со неколку лица вработени во општината Маврово и ЈП Национален Парк Маврово. Единствено раководителот на Одделението за урбанизам во општината, Садредин Елезоски, одбил да се сретне со новинарите иако, според информациите на Јовановска, повеќе пати бил контактиран. По повикот што денеска го остварил Садредин Елезоски со Маја Јовановска, која му објаснила дека се’ уште очекуваат одговори на прашањата испратени уште на 4 април, тој упатил навреди и погрдни зборови кон новинарката, заканувајќи се со зборовите: „Пази се од денес. Ќе видиш ти што ќе ти се случи ако дојдеш тука.“ И покрај заканите, новинарката Јовановска му најавила дека повторно ќе дојде во Маврово следната недела, бидејќи општинската администрација должи одговори за хаосот со дивоградбите кои се градат во Националниот Парк Маврово, се наведува во соопштението од ЗНМ.

Оттаму информираат дека случајот денеска е пријавен во МВР и нагласуваат дека ќе ја следат понатамошната истрага. Потсетуваат дека единствено преку строга санкција на нападите и заканите од страна на институциите во иднина ќе може да се спречат напади и закани кон новинарите.

–  Државата има обврска да обезбеди ефикасен систем на превенција и казнување на насилството врз новинарите. Тоа е основен предуслов за подобрување на состојбата со слободата на говорот. Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) повеќе од три години известува за урбанистичките проблеми, криминал и корупција во Општината Маврово и Ростуше. Според колегите од ИРЛ, комуникацијата со локалната власт секогаш е отежната, администрацијата е нетранспарентна и новинарите на ИРЛ многу тешко добиваат одговори од Секторот за урбанизам, посочуваат од ЗНМ.

Next Post

Во Украина отворени 16 кривични истраги поврзани со сексуално насилство

НАЈНОВО

Грасли: Имаме причини да веруваме дека Додик не ги сменил намерите

November 6, 2025

Авганистан и Пакистан повторно преговараат во Истанбул

November 6, 2025

ДИК го отфрли приговорот за гласањето на пет избирачки места во Општина Брвеница, во тек е разгледување на приговорите за Општина Шуто Оризари

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk