ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ние сме „таков“ народ

June 4, 2022 11:37
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Љубиша Николовски. Фото: Фронтлајн

Љубиша Николовски. Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЉУБИША НИКОЛОВСКИ

Севкупната економска криза што го зафати светот незаобиколно се чуствува и кај нас и удира по домашниот буџет. Во такво невреме секоја држава (читај Влада) презема мерки со кои се обидува да ги намали последиците од увезената криза. И нашата презема повеќе такви пакет мерки за да му помегне на населението, но и на фирмите, затоа што тие се причинско-последователно поврзани меѓу себе. Во нешто тие мерки се поуспешни, во нешто не. Но вака или онака треба да се живее со тоа. И секако најтешко проаѓаат социјално загрозените семејства кои се на прагот на економската издржливост.

Но, изгледа ние сме таков народ што не му оставаме на сиромавиот да каже дека е сиромав. Кај нас секој се прикажува сиромав во време на криза. Секој кука како да е социјален случај.

Речиси секој народ има свој прекар или пежоративно име, што би требало да го определи карактерно, онака како другите го доживуваат, се разбира затоа што прекарот секогаш го дава некој друг. Но, потоа станува дел од тебе и ти сакаш, нејќеш, си го носиш.

Едeн од прекарите за Македоноците, што патем и самите знаеме самокритички да си ги наденеме е „македонче“. Тоа се разбира не значи дека Македонците се ниски по раст, туку дека се малечки во душа. Постојано и од сè нешто се незадоволни. И во анкетите се најнесреќни во регионот. Особена причина за тоа нема. Или поточно, не поголема причина од останатите народи и во регионот и во светот.

И кога имаат и кога немаат, велат дека немаат. И тоа го прават и оние кои навистина немаат, но и оние кои не се за жалење. И бедните и средните, и селаните и граѓаните, работниците и неработниците, наставниците и учениците, а особено пензионерите и бизнисмените.

„Леле скапотија“, „како оваа година, не било никогаш“, се изреки толку одомаќени меѓу народот наш, како кај Енглезите онаа за „какво е времето“.

Скап бил зејтинот, цента на бензинот вивнала, струјата дрмала годинава, огревните дрвата станале изгор…

И тоа не е далеку од вистината. Но и покрај тоа, од супермаркетите многумина излегуваат со преполни колички зејтин, без разлика на цената и плус со многу друго од она што треба и што не треба. На бензиските пумпи, пред секоја најава за поскапување, километарски редици на автомобили. Но ако загледаш, ќе видиш и Волво, и БМВ, и Мерцедес….и тие сакаат да заштедат 300-400 денари! Си ги накрцкаа колите со „скап“ бензин и првец, Грција. Па ако е скап нашиот, што не полнат од грчкиот, ако е поевтин.

Оние пак што останаа во Скопје си велиш, утре веројатно сите со автобус ќе одат на работа, да заштедат. Но, види чудо, градот „стенка“ од сообраќај, од истите оние кои вчера заштедија „голема“ сума пари. Колони автомобили на семафорите, на паркинзите празно место нема „ни за лек“.

Но она што ме порази, дека Македонецот со сила се прави „македонче“, е статистиката дека во Македонија „врие“ од празни станови!!! Безмалку 40 проценнти од становите, или над 300 илјди се празни и никој во нив не живее.

Поточно, од вкупно 839.174 станови, 531.987 станови или 63,4 проценти се населени, а 307.187 станови или 36,6 проценти се ненаселени, обелодени ДЗС во најновиот сет податоци од пописот.

Па добро, нели становите се скапи! Цената во Скопје достига и до 1.800 евра од еден квадрат и се движи накај 2.000, кој има толку пари да купи скап стан, а да не живее во него?

Па, има, „македончето“. Да, да, она исто македонче што везден кука дека- нема! Македончето што постајано бара – државата „да му даде“!

Да им даде на земјоделците, на кои веќе им дава 160 милиони евра годишно за субвенции, за да протестираат за ниските откупни цени, на фирмите да им даде субвенции за да не ги испуштат вработените, на работниците зголемен минималец, ама и на сите други за да биде скалесто, на пензионерите по илјадарче бонус и пак незадоволни, администрацијата превработена, а штрајкува, (па тие и кога работат како да штрајкуваат). На никој не му е погодено. Сите бараат повеќе. Зошто? За да можат да им купат на децата по едно станче во Скопје, „дури судирале да не се мачеле по домојте“.

„Македончето“ е всушност итроман што „другите“ го препознаваат како „чокалија“, што во суштина значи „чок-акл“ (барај превод од турски).

Можеби генезата е од тоа османлиско време кога се барало арач, па Македонците научиле да викаат „немам Ага“, за да сочуваат нешто и за семејството. Ете до ден денес останало да се живее со „немам“, а во поново време и од страв, да се прават залихи од зејтин, брашно па и од станчиња, за да има, за лошо, за арно.

Ама работава оди натаму што секој што има стан за живеење, ќе има и еден празен.

Е, сега, сопствениците на невселените станови, имаат уште еден месец да најдат кираџии за да избегнат трикратно зголемен годишен данок. Имено од 1 јануари годинава стапи во сила изменетиот Закон за даноци на имот кој предвидува данокот на стан, во кој никој не живее, да се зголеми за трипати.

Чекај сега и тие да почнат да кукаат. Таков народ сме, што да правиш.


Личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

РКЕ во понеделник ќе ги презентира заклучоците од анализите на предложената реформа на тарифниот систем за електрична енергија

НАЈНОВО

Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

September 16, 2025

Началникот на ГШ на Армијата Лафчиски на конференција на САД-Јадранската повелба (А-5) во Тирана

September 16, 2025
Фото: ДЗС

ДЗС: Изгаснат пожарот во депонијата „Дрисла“ што избувна синоќа

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk