ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мојаноски: МПЦ ќе го добие Томосот од Вселенската патријаршија и ако БПЦ не ја признае

June 5, 2022 16:51
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Универзитетскиот професор и поранешен директор на Комисијата за односи со верските заедници Цане Т. Мојаноски вели дека доколку се случи БПЦ да не ја признае афтокефалноста на МПЦ-ОА тоа нема да влијае на доделувањето на Томосот од страна на Вселенската патријаршија.

-Ако ја погледнеме нивната практика дека се што е до 1944 година го присвојуваат како сопствен дел од историјата, такво поведение е можно. Но, што ќе значи за МПЦ-ОА ако една патријашија не ја прифаќа? Веројатно тоа прашање ќе стои отврено како што стои отворено прашањето за други православни цркви. Тоа нема да ја намали можноста МПЦ да е составен ден од православната екумена, да општи со неа. Во текот на јуни, нашиот архиепископ ќе богослужи на Фанар со вселенскиот патријарх. Да се надеваме дека таква заедничка литургија во иднина ќе стори и Бугарската православа црква, вели Мојаноски во интервју за Фокус.

Но, додава, без разлика на тоа каков ќе биде ставот на Бугарската православна црква, тоа нема да влијае на доделување на Томосот.

-Тоа е прашање кое во јавноста создава забуни. Во православната црква долго време се заговараше идејата автокефалноста да се поврзува со консензусот на сите православни цркви. Тоа решение не стапи во сила што значи дека важечко правило е дека вселенскиот патријарх на основа на поднесокот, во случајот на СПЦ, дека ја поддржува и прифаќа автокефалноста на МПЦ-ОА ги известува другите помесни цркви. Тие потоа, секоја поединечно, ја вклучуваат таа црква во литургиите, вели Мојановски во интервјуто.

На прашањето зошто СПЦ одбра да ја признае МПЦ баш во овој момент, поранешниот претседател на Комисијата за односи со верските заедници објаснува дека има повеќе фактори.

-Прво, во СПЦ се промени еден дел од црковната ерархија, која повеќе или помалку беше поддржувач и прифаќаше определени гледишта кои се поблиски до световните гледишта отколку до црковните. А, се однесуваа на пример, за стратегијата за српските земји која може да се препознае во некоја од доктрините кои се присутни меѓу балканските земји кои се нарекуваат големодржавни концепти. Таа беше во унисон во концептот на Руската православна црква чија доктрина се нарекува „Руски свет“, во која руската црква смета дека таа треба да го организира православниот живот на луѓето кои се блиску до руската култура и јазик. Второ, во овој период има значителен број поместување кои се случуваат на Балканот во последните десетина година. Тоа можете да го видите во однос на позиционирањето на земјите во однос на одделни организации и вредности како евроатланските интерграции, вели тој.

Според Мојаноски, клучниот фактор во целиот процес е иницијативата на вселенскиот патријарх да го отвори прашањето на МПЦ како резултанта на обраќањето на МПЦ-ОА и обраќањата на политичките водства на Македонија.

-Катализатор на тоа прашање е одлуката на Вселенската патријаршија од 9 мај, кога таа се определува во апелациска постапката да ја симне шизмата и да ја прими во канонско единство, потенцира во интервјуто универзитетскиот професор и поранешен претседател на Комисијата за односи со верките заедници. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

„Шеќерни луѓе“ премиерно прикажан на 22. Филмски фестивал во Беверли Хилс

НАЈНОВО

Кочани вечерва сплотено во болка, љубов и заедништво – ѕвездено небо и светлина за 62 ангела

September 16, 2025
Фото: Фејсбук на Марија Андоновска

ИЈЗ: Нема радиоактивност во водата и опасни тешки метали во почвата по пожарот во Трубарево

September 16, 2025
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025 фото: ЦИВИЛ

(ФОТО) „Шест месеци без правда за Кочани“ – Марш за ангелите во Скопје

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk