ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Под прашање беше одржувањето на Отворен Балкан во Охрид ако се случеше посетата на Лавров на Србија

June 6, 2022 20:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Под прашање било ставено дури и одржувањето на состанокот на Отворен Балкан во Охрид доколку се случеше посетата на рускиот министер за надворешни работи на Сергеј Лавров на Србија, информира шефот на дипломатијата Бујар Османи вечерва во тема на денот на Сител телевизија. Смета дека неодржувањето на посетата на Лавров, го охрабрува, како што рече, одржувањето на состанокот во Охрид, jaвува МИА.

Османи информира дека засега состанокот во Охрид се одвива согласно сите планови.

Прашан дали имал некаков контакт со неговите колеги од Србија, Османи одговори дека во текот на последните денови, јасно било кажано дека ваквите чекори, како што рече, не не охрабруваат во овој ангажман во рамки на Западен Балкан во рамки на регионалната соработка. Затоа, наведе Османи, беше важно да ги испратиме тие пораки и до сите други учесници во рамки на Отворен Балкан.

– Иако Србија, се разбира, е независна држава која што сама ги одлучува своите надворешно политички приоритети, меѓутоа во рамки на некои регионални иницијативи во кои учествуваме како што е Западен Балкан, се разбира важно ни е сите земји што соработуваме да сме на една линија на некои вредносни системи, рече Османи.

Тој нагласи дека ние имаме добри билатерални односи со Република Србија, а во рамки на регионалните иницијативи, ни беше важно, подвлече, одлуката на Србија да гласа во ООН за резолуција што ја осудува руската агресија во Украина, а тоа беше важен момент за да ја поттикне понатамошмната соработка во рамки на Западниот Балкан.

– Билатералните односи никогаш не се спорни и ќе продолжат да се надоградуваат. Меѓутоа регионалните иницијативи мора да бидат во рамки на некои основни вредносни принципи во кои веруваме, истакна министерот за надворешни работи.

Во однос на одлуката со која нашата земја, како една од трите земји, не дозволи прелет на авионот на Лавров, Османи потенцира дека тоа не е однос кон Руската Федерација, туку однос кон агресијата на Руската  федерација во Украина односно политиките на Руската Федерација со војната во Украина.

Тој нагласи дека Северна Македонија е една од многуте земји кои имаат донесено општа забрана односно затворање на воздушниот простор за прелет на компании кои што се сопственост на Руската Федерација.

– Како одговор на руската агресија во Украина, сметавме дека и ова барање на Амбасадата на Руската Федерација за ослободување за овој специјален лет се вклопува во таа општа забрана и наш однос кон Руската Федерација по однос на агресијата во Украина, изјави Османи.

Додаде дека треба да бидеме недвосмислени во ставот и во пораките што ги праќаме до Руската Федерација дека е недозволиво во 21 век да се напаѓаат соседни земји и да се направи агресија врз соседни земји и врз независни држави.

Прашан дали по реакцијата од Москва и повиците за повлекување на сите амбасадори на Руската Федерација од овие три земји кои забранија прелет има најава за повлекување на рускиот амбасадор министерот Османи одговори дека немаат таква најава.

Next Post

Османи не може да го предвиди исходот, но смета дека доколку има доволно волја, има простор да се најде решение со Бугарија

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk