ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

МЗШВ: 7,1 милиони евра кредитна поддршка преку Развојната банка за земјоделските претпријатија

June 7, 2022 15:23
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

 Владата донесе одлука со која се олеснуваат критериумите во кредитната линија за поддршка на претпријатија со дејност од областа на земјоделството со цел зголемување на производството на земјоделските производи и нивните преработки од средствата на компензациските фоднови со кои управува и располага Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје.

Како што информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, преку оваа кредитна програма на Развојната банка се ставаат на располагање околу 7,1 милиони евра наменети за поддршка на претпријатија во областа на земјоделството. Примената на новите услови за аплицирање за средства од кредитната линија на Развојната банка почнаа со примена од 6 јуни 2022 година. Заинтересираните земјоделски претпријатија за оваа поддршка тековно можат да аплицираат во Развојната банка на Северна Македонија.

Преку олеснувањето на условите за добивање кредит од Развојната банка се обезбедува поголем опфат на мали и средни претпријатија кои работат во дејноста на преработувачката индустрија на земјоделски производи. На овој начин овозможуваме развој на малите бизниси и освојување на нови пазари преку финализација на производството и развивање на локални брендови. Кредитната поддршка е наменета за земјоделски претпријатија од примарно земјоделско производство, преработка на земјоделски производи и извоз на земјоделски производи, се вели во соопштението. 

Од МЗШВ наведуваат дека условите за аплицирање ги олеснуваат, се овозможува сопствено учество од најмалку 10 отсто, за разлика од претходно предвидените 20 отсто од вкупната инвестиција, како и олеснување на степенот на ликвидност на апликантите. Понискиот износ на сопствено учество на малите бизниси дополнително им овозможува поголема ликвидност за време на кредитниот период и дополнителна поддршка во услови на криза.

Намалување се врши и на каматната стапка од 2 отсто на 1 отсто фиксна годишна каматна стапка. Рокот на отплата се олеснува за основни средства до 120 месеци со вклучен грејс до 24 месеци, а за обртни средства до 24 месеци со вклучен грејс до 12 месеци. Кредитната поддршка на Развојната банка им овозможува на земјоделците добра можност за дополнителни средства во развој на сопствениот бизнис, а преку тоа и развој и модернизација на македонското земјоделство, стои во соопштението.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува сите  заинтересирани земјоделски претпријатија да ја искористат оваа кредитна поддршка и на време да аплицираат за добивање средства од Развојната банка на Северна Македонија

Next Post

ЕУ ќе воведе универзален полнач „USB-C“ за паметни телефони

Најново

Анаис хороскоп, Македонија, Скопје Даут Пашин амам

Дневен хороскоп со Анаис (30 април): Продлабочување на хармонијата и префинетоста

April 30, 2026

СДСМ: Со укинувањето на техничката влада, државата капитулираше пред криминалот

April 29, 2026

Собранието изгласа укинување на техничката влада 

April 29, 2026
Фото илустрација Фронтлајн

Ново од „Безбеден град“: Код за верификација при регистрација на возилата за точна достава на казните

April 29, 2026

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство  

April 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk