ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Собранието се уште го утврдува дневниот ред од новата 73. седница, прогласена едночасовна пауза

June 7, 2022 18:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Собранието попладнево продолжи со утврдување на дневниот ред од новата 73. седница, која ја започна денеска, jaвува МИА.

Предлог дневниот ред содржи 12 точки, по кои треба да работат пратениците, меѓу кои, две предлог-одлуки за испраќање на војници во меѓународни операции, две ратификации, измени на Законот за платите на судиите, како и на членовите на Судскиот совет, измени на Законот за сигурност на железничкиот систем, како и измени на Законот за средното образование.

Пратениците, главно од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата предлагаа законски предлози како точки за дополнување на дневниот ред, за промена на распоредот на точките, односно за повлекување од дневниот ред на предложени законски решенија за 73. седница.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицески процедурално – реагираше во врска со употребата на новиот систем во Собранието во однос на скратувањето на времетраењето на обраќање на пратеник-сопартиец на кој, како што посочи, согласно деловничките можности за предлагање точка на дневен ред му следувале три минути, а му беа ускратени две минути.

-Сите сме тука исти. Системот е нов сите го учиме, но не сте вие тој што треба да го злоупотребува и да се крати времето за зборување на пратениците. Продолжувате да ги кршите деловничките одредби и да омаловажувате и се обидувате да ја затраете опозицијата. Ова е еден вид замолчување на опозицијата . Почитувајте го Деловникот, рече Мицески.

На процедурална забелешка од заменик-координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска дека не се почитува членот 85 од Деловникот според кој спикерот треба да се грижи пратениците да не бидат прекинувани при говорот и дека се злоупотребува системот, претседателот на Собранието Џафери рече дека нема проблеми по однос на овој член, Деловникот го одредува времето за збор, а процесот на дигитализација на работата на Собранието е согласно планот за развој.

-Не сакам на никого да му упаднам  во збор, технологијата го мери времето. Тој кој треба да го заврши мислењето пред него може да го види времето бидејќи нема можност да се излезе надвор од софтверот за да се направи преседан со користење на технологијата. Системот е нов не се снаоѓаме најдобро со технологијата, но имаме време, ќе продолжиме да работиме, рече Џафери.

На барање на Стојановска прогласена е пауза од еден час.

Next Post

Зеленски: Никој не очекуваше дека Украинците ќе имаат олкава храброст

EVN

НАЈНОВО

Фото: ТАВ Аеродроми

Николоски: Скопскиот и Охридскиот аредром лидери во регионот

April 18, 2026
Илустрација Фронтлајн

Цените на нафтата во нагол пад: Иран го отвори Ормускиот Теснец за време на примирјето

April 18, 2026
Фото: ВИ

Десет години по Брегзит: Повеќе од половина Британци сакаат враќање во ЕУ

April 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 18 и 19 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Казино туризам – мирис на скап парфем и пропаст

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски ја ангажирал израелската агенција „Black Cube“ за следење на опозицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk