UNITED24 е иницијатива покрената од претседателот на Украина, Володимир Зеленски, како главно место за собирање добротворни донации за поддршка на Украина, пишува ЦИВИЛ.
Средствата ќе бидат префрлени на официјалните сметки на Народната банка на Украина и ќе бидат распределени од доделените министерства за покривање на најитните потреби: одбрана и деминирање медицинска помош и обнова на Украина.
Целта на UNITED24 е да се зголемат донациите за Украина и да се обезбеди ефикасност и транспарентност на нивната дистрибуција.
Во период од 5 мај до 3 јуни се собрани 37 532 174 долари за одбрана и деминирање, за медицинска помош 906 856 долари, а за обнова на Украина сè уште нема донации.