ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАНИПУЛАЦИИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Не е вистина дека Бајден потпишувал бланко документи во Белата куќа

June 7, 2022 17:57
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Како што пишува Сноупс, видеото на телевизискиот пренос што се споделува на социјалните мрежи е со лош квалитет, а фотографиите од истиот настан што тие успеале да ги најдат потврдуваат дека страниците на извршните наредби што ги потпишува Бајден не се празни, туку испишани, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели дека претседателот на САД Џо Бајден потпишува празни извршни наредби.

2021, потпишување празни извршни наредби од глумец Бајден. Студио Кесл Рок, Калифорнија, се вели во постот што го рецензираме, каде е споделено и видео на кое се гледа како Бајден како потпишува документи.

Во објавата дополнително се тврди дека документите што ги потпишува Бајден се бланко, односно дека на нив нема ништо. Ова е искористено уште еднаш, за заговорниците на „Кју движењето“ ширум светот да ја актуелизираат нивната стара теорија на заговор дека познатите политичари во светот имаат свои двојници, дека дел од нив не се дел од активниот реален политички живот туку дека станува збор за актери итн.

Во споделениот видео материјал, женски глас во позадината коментира дека на документите и на листовите хартија кои Бајден ги потпишува нема ништо, односно дека тие се бели.

Овие луѓе глумат. Нема букви, само потпишува. Лажен претседател, лажни извршни наредби. Нема ништо на хартијата што ја потпишува, глумат, вели жената во споделеното видео.

Меѓутоа, како што пишува Сноупс, бидејќи видеото на телевизискиот пренос е со лош квалитет (снимено е од телевизор, н.з.), тие успеале да пронајдат фотографии од истиот настан и потврдиле дека страниците на извршните наредби не се празни, туку испишани. Таков е примерот кој го наведуваат во продолжение, со следната фотографија:

Според Сноупс, заднината на дезинформациите за тоа дека Бајден наводно потпишувал празни листови е во тоа што во овие извршни наредби имало многу кои биле спротивни на политиките на поранешниот претседател Доналд Трамп. Сноупс пишува дека со дел од овие наредби фактички се укинуваат политиките за кои Трамп се залагал во својот мандат. Затоа, поддржувачите на Трамп на интернет почнале да шират сомнежи за легитимноста на овие наредби кои им наликувале на бели листови хартија.

Но, лошиот квалитет на видеото прави се што е испишано на извршните наредби да не биде читливо. На фотографиите евидентно е дека на настанот Бајден навистина го става својот потпис на испишани листови хартија. Може со сигурност да се потврди дека станува збор за истиот настан бидејќи во заднина може да се види Камала Херис, облечена во истиот црвен фустан како на видеото, така и на фотографиите со кои се врши споредбата. На видеото кое е споделено во постот што го рецензираме, се чини и дека снимката е осветлена, а со неа и белите листови хартија што Бајден ги потпишува, па оттаму невозможно да се видат буквите.

Проверувачите на факти на Франс прес откриваат уште една ситуација (неповрзана со овој настан), кога на интернет се споделувале дезинформации со слична содржина, односно дека Бајден потпишувал бланко документи, без никаква содржина. Текстот на документите на видеото е едвај видлив на снимката од настанот, но ако се подобри резолуцијата, тогаш се гледа дека сепак, страниците не се празни.

Оттаму, видеото во постот што го рецензираме, невистинито оддава импресија дека страниците се бели, затоа што станува збор за видео со лоша резолуција. Поради тоа, постот го оценуваме како невистинит.

Next Post

Премиерот на Албанија Рама пристигна во Охрид

Shortcut

Најново

Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026
Никола Спасов

Нема добар ПР за лоша политика

September 25, 2026
Раговори за иднината 12:05 (фотографија објавена на 27 август 2026, на ФБ страницата на иницијативата)

(РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

September 25, 2026
Фонд на пензиското и инвалидското осигурување - ФПИОСМ (фото: ФБ ФСПИОСМ)

Раст на пензиите за 3 отсто – законско услогласување, не покачување: Најниските пензиите ќе пораснат за околу 600 денари, највисоките околу 2.800

September 24, 2026

Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

September 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk