ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи во Венеција: Во пост-ковид периодот неопходно е капитализирање на целиот потенцијал на европските економии

June 9, 2022 17:22
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пост-ковид периодот ја покажа неопходноста од капитализирањето на целиот потенцијал на економиите на европските земји, изјави денеска вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, кој придружуван од министерот за дијаспора Џемаил Чупи, генералниот конзул на земјава во Венеција, Стојан Витанов и претседателот на Италијанско-македонската комора „Апи Нордест“,Мунир Шемши, оствари средби со претставници на локалната самоуправа на градот Венеција и регионот Венето, јавува МИА.

На средбите, кои се дел од дводневната работната посета на владината делегација Италија со цел е промоција на првата Македонско-италијанска стопанска комора, „Апи Нордест“, Битиќи изрази задоволство од извонредната економска и културна соработка со Италија, која беше повторена и неодамна при прославувањето на денот на Италијанската Република во нашата земја.

На средбата со префектот на Венеција Виторио Запалорто, вицепремиерот Битиќи истакна дека ова е прва економска делегација по долго време во Венеција, потенцирајќи дека Италија е една од првите десет земји со кои Северна Македонија има интензивна трговска соработка.


Посакувајќи срдечно добредојде на високите гости од Северна Македонија со кои разговараше за идната регионална соработка и економски развој помеѓу двете земји коишто имаат традиционално добри односи, Запалорто изрази задоволство од укажаната можност да биде нивни домаќин.

Во рамки на посетата на Италија, македонската делегација предводена од вицепремиерот Битиќи се сретна и со Елиза де Берти, заменик-претседателка на регионот Венето.

Претставниците на владината делегација истакнаа дека само во регионот на Венето живеат и работат 25.000 наши граѓани и изразија надеж дека дел од оваа бизнис заедница во иднина ќе најде интерес за инвестиции и соработка со матичната земја.

На средбата, беше изразена континуираната одлична соработка меѓу Италија и Северна Македонија, при што од страна на двете делегации беше подвлечено дека најдобар доказ за тоа е тоа што италијанските компании се меѓу првите пет инвеститори во нашата земја.

Министерот за дијаспора Чупи посочи дека Владата е посветена на мапирање на нашата дијаспора, вклучувајќи ја економската и академската дијаспора, со цел обновување и зацврстување на нашите врски и обезбедување подобар економски развој за граѓаните.

Next Post

Министерката Петровска во посета на Баталјонот за медицинска поддршка: Военомедицинската специјалност, круцијална за одржување на борбената способност

Shortcut

Најново

ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

October 25, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk