ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сатирична објава за Ковачевски се споделува како да е вистинита, предизвикувајќи говор на омраза

June 9, 2022 09:11
in ZOOM IN, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Проблематично во оваа Фејсбук објава е што не е споделен линк од написот, за да можат читателите да прочитаат дека станува збор за сатирична вест, и дека, всушност, Ковачевски не кажал вакво нешто. Наместо тоа, споделен е принтскрин од насловот, а исечен е наднасловот каде што јасно стои дека објавата е измислена и сатирична. Со ова, читателите се доведени во заблуда, анализира Вистиномер.

На објава на социјалната мрежа Фејсбук како фотографија споделена е наводна изјава на премиерот Димитар Ковачевски во која тој го коментира одмрзнувањето на цените и новиот бран поскапувања на основните производи.

Ковачевски воопшто не дал ваква изјава, односно станува збор за сатирична вест која на социјалните мрежи се споделува како да е вистинска.

Конзилиум е малку за Вашите будалштини, ментална институција си треба да Ве прибере!, пишува на постот што го рецензираме.

Ковачевски: Ги одмрзнавме цените затоа што граѓаните не можеа да ги дотрошат зголемените плати. Вака гласи насловот написот, кој е објавен на сатиричниот портал „Кооперација“.

Кога ќе го отворите текстот што има ваков наслов ќе ви стане јасно дека станува збор за сатира, односно дека оваа изјава е измислена и не преставува вистинска изјава дадена од премиерот Димитар Ковачевски. Веднаш над самиот наслов со големи букви, многу поголеми од насловот, пишува „Сатира“.

Проблематично во оваа Фејсбук објава е што не е споделен линк од написот, за да можат читателите, кога ќе кликнат на објавата да прочитаат дека станува збор за сатирична објава, и дека всушност Ковачевски не кажал вакво нешто.

Наместо тоа, споделен е принтскрин од насловот и објавен како фотографија. Притоа во принтскринот исечен е наднасловот каде што јасно стои дека објавата е измислена и сатирична.

Во самата објава што ја рецензираме нема ништо што може да индицира дека изјавата е измислена, а не вистинита. Напротив, текстот на објавата е критичен и напишан на таков начин што ве наведува да помислите дека читате вистинита објава. Текстот исто така е навредлив, што значи дека е корисникот на социјалната мрежа Фејсбук каде што е објавена оваа фотографија најверојатно поверувал дека Ковачевски навистина дал ваква изјава и затоа дозволува таа уште повеќе да се споделува и јавноста да коментира на објавата како да станува збор за реална изјава.

Доколку не издвоите неколку секунди да проверите дали тој навистина дал ваква изјава и да сфатите дека изјавата потекнува од хумуристичен сајт, може многу лесно да поверувате во напишаното.

Дополнително на ова, речиси сите коментари и големиот број споделувања потврдуваат дека оние што ја виделе оваа објава која е многу вирална, поверувале во неа. На оваа неточна и манипулативна објава до сега има 854 реакции, 640 коментари и 144 споделувања.

Поголемиот дел од овие стотици коментари се навредливи, полни со говор на омраза и напишани од луѓе кои поверувале дека сатиричната и измислена објава е вистински дадена од Ковачевски.

Не е ни прв ни последен пат да се објавуваат сатирични текстови и да се измислуваат изјави особено од политичари кои треба да бидат иронични и смешни. Но, секогаш треба да е јасно и видливо нагласено дека станува збор за сатира односно измислица, за да не дојде до забуна во јавноста, особено на социјалните мрежи каде корисниците се немилосрдни во критиките и навредите што ги упатуваат.

Бидејќи ништо од оваа вирална објава не укажува дека е сатирична, таа преставува манипулација врз јавноста која се наведува да поверува во нешто што не е вистина.

Затоа пред инстантно да се поверува во било што што ќе се прочита на Фејсбук, претходно треба да се провери дали е тоа вистина или можеби нечија намерна манипулација со цел да се дискредитира одредена личност или јавноста да се доведе во заблуда за одредени случувања.

Next Post

Бостон поведе во финалната серија со Голден Стејт

НАЈНОВО

Турска компанија пронајде злато во Сивас со проценета вредност од 1,7 милијарди долари

November 6, 2025

САД предложија нацрт-резолуција во ОН за мировниот план на Трамп во Газа

November 6, 2025

Протест пред Парламентот во Тирана: Граѓаните бараат да не се изгласа контроверзниот Предлог-закон за родова еднаквост

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk