ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Г. Стефан до патријархот Вартоломеј: Ви благодарам за честа и за срдечната љубов со која нè прегрнавте

June 10, 2022 13:42
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Соборниот храм на Вселенската Патријаршија посветен на „Св. Георгиј Победоносец“ во Истанбул, претпладнево се одржа празнична Божествена литургија по повод именденот на вселенскиот патријарх Вартоломеј, на која молитвено присуство имаа и архиепископот охридски г. Стефан, митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј, митополитот преспанско-пелагониски г. Петар, како и епископот хераклејски Климент и епископот антаниски Партениј.

Во своето обраќање кон вселенскиот патријарх Вартоломеј, архиепископот Стефан му се заблагодари прифаќање на нашето апелациско прибегнување и за востановувањето на литургиското општење со нашата Црква.

– Како првојерарх на Охридскиот престол, од името на свештениот Синод, на свештенојерархијата, на монаштвото и на верниот народ, како и од свое име, со преполно срце на уважување и почит, уште еднаш Ви благодарам за честа со која нè удостоивте и за срдечната љубов со која нè прегрнавте – соопштувајќи ни го благопријатниот Ваш суд за нашето апелациско прибегнување: востановувањето на литургиското општење со Вас и, преку Вас, со полнотата на Православната Црква, истакна архиепископт Стефан.

Сега е јасно, додаде г. Стефан, колку Вашето добротворство за нашата Охридска Архиепископија, се покажа, всушност, како Ваш најнов принос пред Сељубивиот Бог – како долично дело за таткото на Православните.

– А ние, скромните Ваши чеда, можеме да Му заблагодариме на Бога, покрај за споменатата милост, ете – и за тоа што сме удостоени да бидеме современици на Вашата личност и на Вашите дела за доброто на Црквата и што ја имаме можноста да се радуваме и да се утешуваме од Вашиот подвиг на „добро стоење“, на автентично последување и себепрегорно, дури до мачеништво, исповедање на канонскиот и свештен поредок на Православната Црква, рече меѓу другото архепископот Стефан.

На крајот од богослужбата, епископот антаниски Партениј со неговото братство и сестринство, на вселенскиот патријарх Вартоломеј му подари архиерејска панагија во чест на неговиот именден и во знак на благодарност за признавањето на Охридската Архиепископија.

Храмот „Св. Георгиј Победоносец“ за литургијата беше исполнет со голем број на гости, меѓу кои многумина од земјава, кои допатува во Истанбул по повод значајните настани кои деновиве се случуваат во древниот Фанар. Дел од нив благодарејќи и со цвеќе во рацете на патријархот Вартоломеј му го честитатаа именденот.

Денешната богослужба се одржа по вчерашното предавање на патријархот Вартоломеј на архиепископ Стефан на Патријаршискиот и синодален акт на Вселенската патријаршија за примање на Охридската Архиепископија во богослужбено и канонско единство со останатите православни цркви, со кој се отстрани повеќедецениската шизма наложена врз нашата Црква.

Патријархот Вартоломеј и архиепископот Стефан в недела на роденденот на Црквата – празникот Педесетница, во храмот на Вселенската Патријаршија во Фанар ќе одржат заедничка патријаршиска и синодална света литургија./MИА/.

Next Post

Радев: Ветото за Северна Македонија да остане додека не се формира ново парламентарно мнозинство во Бугарија

НАЈНОВО

Анаис

Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

November 8, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

По Израел, САД втора земја што ја прескокна ревизијата на ОН за човекови права

November 7, 2025

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 7 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk