ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шолц во Скопје и Софија, во обид да се издејствува решение за спорот меѓу двете земји

June 11, 2022 08:48
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Олаф Шолц

Олаф Шолц

Share on FacebookShare on Twitter

Канцеларот на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц денеска ќе пристигне во Скопје во официјална посета. Како што соопшти владината прес-служба, канцеларот Шолц и неговата делегација на платото пред Владата на Република Северна Македонија ќе ги пречека премиерот Димитар Ковачевски, со церемонија за пречек со највисоки државни и воени почести.

Според агендата, после церемонијата на пречекот, предвидена е тет-а-тет средба со премиерот Ковачевски, по што ќе следува билатералната средба на членовите на двете делегации.

Официјалната посета на канцеларот Шолц ќе заврши со заедничка прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски.

Шолц во Скопје доаѓа по неговата посета на Приштина и Белград, во рамки на дводневната посета на регионот. 

Во Белград на прес-конференцијата со српскиот претседател Вучиќ, тој порача дека Германија сака да ја протурка европската перспектива на Западен Балкан ветена пред две децении во Солун и во исто време очекува кандидатите да се приклучат на санкциите против Русија.

На средбата со косовскиот премиер Албин Курти, пак, Шолц рече дека Косово и Србија треба да доведат до политички решенија преку сеопфатен договор. – Дијалогот е пат кој отвора европска перспектива за Косово. Политичкиот договор меѓу двете земји е важен услов за перспективата на младите во Косово. Договорот на крај би требало да го реши косовското прашање бидејќи е незамисливо две земји што не се признаваат меѓусебно да станат дел од ЕУ. Двете страни мора да се приближат една до друга, порача тој.

По посетата на Скопје, германскиот канцелар заминува за Софија, на средби со бугарскиот државен врв.

Мали се шансите посетата на германскиот канцелар Олаф Шолц да помрдне нешто во бугарско-македонскиот спор и да му го отвори патот на Скопје кон ЕУ, оценува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, пренесува Дојче веле.

Разговорите во Софија требаше да бидат финалето и можеби дипломатскиот белег на посетата на Шолц на Балканот, имено како германски придонес во обидите да се смири, барем површно, „историскиот спор“ што го предизвика Бугарија со Северна Македонија, оценува германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ по повод посетата на канцеларот Шолц во регионот.

Надежите се дека Северна Македонија, со германска помош, на седницата на Европскиот совет на 23 јуни конечно ќе добие зелено светло за почеток на преговорите со ЕУ. Досега тоа беше блокирано од Бугарија со вето. Но, сега се чини дека Шолц лета директно во владина криза, наведува натаму ФАЦ.

Во средата се распадна четирипартиската коалиција на бугарскиот премиер Кирил Петков, откако лидерот на „Има таков народ“ на Слави Трифонов најави повлекување на своите министри од владата, меѓу кои и шефицата на дипломатијата Теодора Генчовска. Една од причините за заминувањето, според Трифонов, е и „националното предавство“ кое го прави Петков во обид да го тргне ветото за Северна Македонија.

– Трифонов ја застапува националистичката линија во Бугарија во однос на Северна Македонија. Според неа, врз основа на бугарско-македонскиот договор за пријателство од 2017 година, кој не само во Скопје се смета за изнудувачки, Македонците мора да признаат дека воопшто не постојат како народ и дека нивниот јазик потекнува од бугарскиот. Тоа не е наведено буквално така во договорот, но натаму одат барањата на Софија, пишува ФАЦ.

Во 2018 во Скопје допатува канцеларката Ангела Меркел и индиректно го поддржа преименувањето. Грција потоа го отстрани ветото за трансатлантскиот пат на соседот. Но, наместо да следува награда во форма на почеток на преговорите за членство во ЕУ, веднаш настапи Бугарија со ново вето, потсетува ФАЦ.

Германскиот пратеник и член на Комисијата за надворешна политика на Бундестагот од редовите на ЦДУ, Кнут Абрахам, во разговор за Дојче веле во четвртокот рече дека веродостојноста на процесот на проширување на ЕУ и мотивацијата на Западниот Балкан за такво нешто може да се вратат со почетокот на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија.

Осврнувајќи се на претстојната посета на германскиот канцелар Олаф Шолц на Скопје и Софија, во обид да издејствува решение за спорот меѓу двете земји и почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ, Абрахам смета дека притисокот мора да се насочи кон Бугарија.

– Мораме да извршиме огромен притисок врз пријателите во Софија и да им укажеме дека билатералните прашања, како што е македонско-бугарскиот проблем, не смеат да го блокираат целиот процес на проширување на Западниот Балкан, вели Абрахам.

ЕУ и Германија, според него, имаат механизми да ја натераат Бугарија да го тргне ветото. /MИА/. 

Next Post

Османи го пречека Шолц

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk