Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски утре, на 13 јуни 2022 година, во Истанбул ќе предводи владина делегација на средба со претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган, во рамките на неговата работна посета, соопштија од Владата.
„Средбата на премиерот Ковачевски со претседателот Ердоган е потврда на исклучително добрите односи со Турција и на неа е предвидено да се разговара за повеќе билатерални прашања од интерес на двете земји“, пишува во владиното соопштение.