ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФЕМИНА

Поттикнување на женското лидерство и учеството на жените во политиката и демократијата

June 13, 2022 13:03
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

„Поттикнување на женското лидерство и женското учество во политиката и демократијата“ беше темата на панел-дискусијата која се одржа денеска во организација на Фондацијата Конрад Аденауер и Центарот за европски студии Вилфред Мартенс од Брисел.

На настанот кој се одржа во Ragusa Rooftop, воведно обраќање имаше Даниел Браун, претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, кој истакна дека никогаш не може да е лошо да се поддржува женското лидерство.

– Германија и други западноевропски земји имаа долго врeме жени во лидерски позиции, проминентен пример е Ангела Меркел, но сигурно дека тоа не е репрезентативно за целото општество и затоа се радувам што имаме тема на која треба да се стори уште многу во Европските земји и на Западниот Балкан, истакна Браун.

Елефтерија Катци, соработник за комуникација и медиуми при Центарот за европски студии Вилфред Мартенс, се заблагодари за поддршката на проектот и рече дека еднаквото учество на жени во политиката и донесувањето на одлуки е клучен елемент за функционално и инклузивно општество кое гарантира дека се опфатени интересите на сите.

– Во Северна Македонија, состојбата на жените во политиката се подобрува, со тоа што партиите се обврзани со квотата за застапеност на жените во политиката. Како и да е, искривената перцепција за инволвирањето на жените во политиката и стереотипите и понатаму играат огромна улога во државата и ова креира значајни бариери. Оттаму може да кажеме дека родовата еднаквост е во срцето на креирањето на јавните политики и нашите закони, но и во срцето на нашето општество, рече Катци.

Според неа, женските перцепции го збогатуваат владеењето и само преку учество на жените во политиките може да се опфати разноликоста на сите.

Анке Холштајн, амбасадорка на СР Германија во Северна Македонија, споделувајќи ги примерите за жените инволвирани во политиката, истакна дека промените во политиките се задолжителни, а, како што рече „водењето преку пример е секогаш најдобар начин“.

Во рамки на панел дискусијата, исто така, се обратија и пратеничката и претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените Ð ¸ мажите, Гордана Сиљановска Давкова, Данела Арсовска, градоначалничка на Град Скопје, Жаклина Пешевска – пратеничка, Моника Зајкова – пратеничка и член на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и Влора Речица, истражувач и раководителка на центарот за парламентарна поддршка и демократизација при Институтот за демократија „Социетас цивилис“. /МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

July 4, 2025

Додик формира резервен полициски состав, опозицијата вели си прави „преторијанска гарда“, ЕУ и Велика Британија загрижени

July 4, 2025

Остра реакција на Мрежата за заштита од дискриминација на изјавата на Мицковски за дополнителни даноци за неженети и немажени

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маратонката Поп Арсова обезбеди пласман на Светското првенство во атлетика „Токио 2025“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk