Не е точно дека имаме највисока стапка на инфлација, очајната ВМРО-ДПМНЕ, соочена со криминални скандали за Белиот дворец намерно пласира невистини. Доколку се погледнат податоците објавени на официјалната страна на еуростат за месец април, 2022 година, може да се забележи дека истите прикажуваат стапки на инфлација заклучно со месец април, но за многу повеќе земји споредено со податоците прикажани од истиот извор, за месец мај, велат од СДСМ.
„Факт е дека со растечките стапки на инфлација се соочуваат земјите на глобално ниво, вклучувајќи ја и нашата земја. Причините за тоа се глобални и самиот Евростат ги објавува овие глобални причини а на прво место причина за тоа е енергијата, односно кризата со енергенси и нивната цена.
Ширење невисини, од типот „највисока стапка на инфлација има Република Северна Македонија „е свесна лага од ВМРО-ДПММЕ чија цел освен манипулација нема друго“, велат од СДСМ.