ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заврши вториот ден расправа за ребалансот на Буџетот на Комисијата за финансирање и буџет

June 14, 2022 18:28
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Заврши вториот ден расправа за ребалансот на Буџетот за 2022 година на собраниската Комисија за финансирање и Буџет, jaвува МИА.

За пратениците од власта, ребалансот на Буџетот е во насока на поефикасен одговор на последиците предизвикани од светската економска криза, а 76 милиони евра се предвидени за нови, приспособени и таргетирани мерки за помош на граѓаните и стопанството. За опозицијата, ребалансот е доказ дека државата е на раб на банкрот, јавниот долг ќе надмине рекордни 8 милијарди евра, а граѓаните секојдневно осиромашуваат.

Пратеникот од СДСМ Диме Велковски посочи дека државата е во стабилна состојба, покачени се платите и пензиите, а инфлацијата во голема мерка е увезена поради руско-украинската војна. Тој потенцира дека власта вратила стари долгови од над 800 мил евра.

– За да функционира економски државата, таа мора да ги исполнува сите услови, вклучително и да ги враќа своите долгови. Тоа државата успешно го прави и во време на сите овие кризи. Данокот на добивка во периодот јануари-мај годинава е за 43,1 отсто поголем во однос на 2021 година, во истиот период данокот на личен доход е поголем за 17,9 отсто, ДДВ е зголемен за 7,4 отсто, а царините за 34,2 отсто. Истовремено, бележиме и пад на јавниот долг од 2,2 процентни поени и пад на државниот долг од 1,9 процентни поени во првиот квартал од оваа година. Овие успешни економски политики мора да продолжат и затоа е потребно овој ребаланс да биде усвоен од страна на пратениците, рече Велковски.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, кој е и претседател на Комисијата за финансирање и Буџет, во реплика до Велковски рече дека инфлацијата е домашна, а увезена околу 40 проценти.

– Треба да седнеме владејачко мнозинство и опозиција и да разрешиме некој прашања во интерес на граѓаните. Вака конципиран ребаланс на Буџетот нема да даде одговор на прашањата кои ги мачат граѓаните. Кризата ќе се продлабочува, новите бројки за инфлацијата ќе бидат поголеми од сегашната 12 проценти. Луѓето го губат чекорот со инфлацијата, рече Стојановски, додавајќи дека ние како држава не можеме да дадеме одговор за кризата.

Велковски во контрареплика рече дека и тој е свесен дека цените растат и дека е економска криза, но Владата носи антикризни мерки кои ќе помогнат во надминување на состојбата.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Лидија Петкоска во реплика до Велковски рече дека проекциите на власта се нереални.

– Како тргнавте, ќе се даваат средства за ова, ќе се даваат средства за она, народот ќе помисли дека ништо не треба да работи оти Владата ќе му даде пари, рече Петкоска.

Таа потсети дека кога се носел иницијалниот Буџет, власта велела дека тој е развоен и дека ќе се создадат услови за економски раст, за само по шест месеци, да слушнеме дека од силната развојна компонента на Буџетот, сега останува да се спаси тоа што може да се спаси.

Со ребалансот на Буџетот, вкупните приходи се планирани на ниво од 245,8 милијарди денари и се за околу 6,9 милијарди денари или 2,9 проценти повисоки во однос на иницијалните проекции на Буџетот. Износот на вкупните расходи е 288,5 милијарди денари или за околу 161,1 милијарда денари (5,9 проценти) повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за 2022 година. Капиталните расходи се планирани на ниво од 32,2 милијарди денари и се за околу шест милијарди денари пониски во однос на планот за 2022 година, но од власта најавуваат дека ќе продолжат проектите за изградба на патишта, железници, гасоводи …

Во ребалансот на Буџетот предвидени се околу 70 милиони евра за антикризни мерки кои, како што најавуваа владини претставници во изминатиов период, ќе бидат таргетирани кон оние на кои им се најпотребни.

Расправата за ребаланс на Буџетот на Комисијата за финансирање и Буџет продолжува  во петок во 11 часот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Ја субвенционираме цената на струјата за граѓаните, нови мерки по усвојување на ребалансот

НАЈНОВО

„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025 фото: ЦИВИЛ

(ФОТО) „Шест месеци без правда за Кочани“ – Марш за ангелите во Скопје

September 16, 2025
фото: Министерство за европски прашања

Муртезани на ГАК во Брисел: Зајакнувајќи ја правната држава дома, Северна Македонија ја зајакнува и ЕУ

September 16, 2025
Фото:МИА

Кочани шест месеци подоцна – „Не е само несреќа, ова е трагедија што можеше и мораше да се спречи“

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk