ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

79 години од убиството на 12 младинци од Ваташа – децата опеани во „Цветови“ на Славко Јаневски

Ниту еден злостор во историјата не останал неказнет. Заслужената казна ги стигнала сите актери од овој масакр, кој остана забележан како едно од најголемите злосторства што окупаторот го извршил во Македонија, за време на Втората светска војна.

June 16, 2022 12:15
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

 На споменикот во месноста Моклиште кај Ваташа, беа одбележани 79 години од убиството на 12 ваташки младинци. Натка Китева, кустос историчар при Музеј галеријата во Кавадарци, рече дека во текот на бурната историја, кавадаречкото село Ваташа даде плејада револуционери и борци за слобода, како од постарата историја, така и од времето на НОВ и Револуцијата 1941-1945 година.

-Во долгата и тешка борба на македонскиот народ, многу настани останаа длабоко врежани во свеста и паметењето на луѓето. Настан кој никогаш не може да биде избришан од меморијата на народот од овој крај е и масакрот на 12 младинци од селото Ваташа, извршен на 16 јуни 1943 година на ова место, нагласи Китева. Меѓу другото, таа потсети дека од младинците се барало да одговорат за целта на првомајскиот собир, за врските со партизаните и за криењето илегалци.

-Младинците погодени од рафалите на пушкомитролезот и куршумите од пушките паѓале како покосено класје, еден до друг. Насекаде во воздухот, се чувствувал силен мирис на барут. По претрпениот шок, следел силен писок на девојчињата, од кои три ги изгубиле своите браќа. Војниците како по заповед ги извадиле бајонетите и да бидат сигурни дека успешно ја завршиле работата, започнале со нив да ги бодат телата на младинците кои се уште покажувале знаци на живот. Тоа не било сè. По извршениот масакр, војниците започнале да им пребаруваат по џебовите, а на неколкумина им ги одзеле часовниците од рацете, раскажа Китева.

Масакрот во Ваташа бил запишан и во билтенот на ГШ на НОВ и ПОМ од септември 1943 година.

-Ниту еден злостор во историјата не останал неказнет. Заслужената казна ги стигнала сите актери од овој масакр, кој остана забележан како едно од најголемите злосторства што окупаторот го извршил во Македонија, за време на Втората светска војна.

Песните „Ми заплакало селото Ваташа“ од Лазар Манчевски и „Цветови” од Славко Јаневски, секогаш ќе не потсетуваат на една младост, на 12 скоевци, коишто своите животи ги положија за слободата за која мечтаеја. Злочинот направен врз нив, беше истовремено и злочин врз човештвото и злочин спрема слободата, рече Китева./МИА/.

ЦВЕТОВИ – СЛАВКО ЈАНЕВСКИ

В Тиквешко негде, в некое село,

кај в слана тивко венеше цвете,

– убија дете.

Последна солза од око капна…

кога на ридот есента стапна,

в крв се изми утрото бело.

И кога в зраци челикот светна

последна мисла ко птица летна:

Мајка ми сама остана в село”.

О, детски очи!

Криевте в себе небесно катче…

Румено крвје течеше в жили

в радост без почин…

Кај око детско натопи земја

гороцвет никна, разлиста пролет,

кај крвта врела растопи слана

црвена роза закити поле.

Мајската роза и цветот модер

в миризма молат:

“Закити, друже, огнена пушка

со цвеќа млади,

па напред појди и други деца

брани со гради”.

В Тиквешко негде, в некое село,

кај в слана тивко венеше цвете,

– убија дете.

Next Post
фото: принтскин / МИА

Мишел: Северна Македонија и Албанија да ги почнат преговорите со ЕУ што е можно поскоро

Shortcut

Најново

Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

July 30, 2026

СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

July 29, 2026

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

Мицкоски од Илинден: Македонија е едно големо градилиште со над 1.200 проекти, најавен и трет повик за општините

July 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk