Луксембург ќе стане втората земја во Европа што ќе го легализира одгледувањето канабис за лична употреба и конзумација, но не и за поседување или продажба, информира N1.hr.
Министерот за правда Сем Тансон претстави предлог-закон со кој на сите жители на Луксембург ќе им се овозможи да одгледуваат до четири растенија дома, но исто така истакна дека тие не смеат да бидат на видно место. Тансон додаде дека со новиот закон ќе се дозволи и консумација на марихуана, но само дома, додека на јавни места сепак ќе биде забранета.
Но, за поголеми количества канабис, можно е да се изрече значително повисока парична казна, но и затвор, бидејќи лице со повеќе од три грама ќе се смета за дилер. Објектите предвидени со новиот закон не важат за малолетници на кои полицијата веднаш ќе им напише пријава и ќе ги испрати до надлежниот обвинител.
Откако Владата го презентираше предлог-законот, тој беше испратен во парламентот на разгледување и усвојување. Пред гласањето ќе биде потребно ново мислење на Државниот совет за усогласеноста на нацрт-законот со Уставот на Луксембург, меѓународните договори и други закони.
Иако владата на Луксембург најави целосна легализација во 2018 година, веднаш по легализацијата на медицинскиот канабис, тоа не се случи, бидејќи новиот закон не предвидува легално поседување или продажба на канабис во специјализирани продавници, таканаречени кафе-шопови.
Соседните земји претходно протестираа поради најавата за декриминализација на канабисот во Луксембург, плашејќи се дека граѓаните на Германија, Франција или Белгија сега ќе дојдат во земјата за да купат лесни дроги кои се забранети дома. Сепак, критичките гласови стануваат се потивки, особено по сигналот од Германија дека сличен закон се подготвува и во таа земја.