ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Лажна Фејсбук страница на „Самсунг“, споделува објава за лажна наградна игра

June 19, 2022 13:25
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

На официјалната Фејсбук страница на „Самсунг Македонија“, не може да се најде објава за ваква нарадна игра. „Вистиномер“ се обрати во „Самсунг“ од каде ни потврдија дека станува збор за лажна објава и дека компанијата нема никаква врска со овие профили, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Пост на Фејсбук, користејќи го логото на компанијата „Самсунг“ споделува објава за наводна наградна игра. Во постот објавен од страница насловена како „Самсунг Фанс“ се измамуваат и манипулираат граѓаните дека компанијата позната по продажба на електроника, ќе донира 100 телевизори. Она што се бара од следбениците на страницата е да го споделат постот, да коментираат на истиот и да се регистрираат на некој линк. Станува збор за Фејсбук страница креирана на 12 јуни која веќе има над 900 следбеници.

Во објавата се наведува:

Здраво на сите вас

SAMSUNG објави дека ќе донираме 100 телевизори кои повеќе не можат да се продаваат на купувачите поради мали гребнатинки и помали оштетувања при испорака на купувачите.

Затоа не сакаме да го трошиме. Сите овие телевизори сè уште работат добро. Така, ќе избереме победник по случаен избор од луѓе кои споделуваат и коментираат на оваа објава и последниот чекор кликнете на овој линк � https://tinyurl.com/bdhzzbuw � и регистрирајте го вашето име според упатствата

Наградите ќе бидат испратени до сите среќни добитници кои успешно ќе се пријават на нашиот официјален линк следниот понеделник.

Направете го тоа сега пред да заврши играта, успех

Доколку го отворите линкот оставен за регистрација, ќе видите дека на истиот го има официјалното лого на „Самсунг“, а на насловната страница пишува:

Добредојдовте на нашата официјална страница SAMSUNG Македонија, ви даваме официјална шанса да освоите 1 бесплатен телевизор од Samsung.

Во коментарите под постот, на различни прашања од следбеници, следува еден ист одговор од страницата:

добредојдовте на нашиот настан, ве молиме споделете ја оваа објава со 10 до 20 групи што ги имате, направете го тоа сега

 На официјалната Фејсбук страница на „Самсунг Македонија“, не може да се најде објава со ваква содржина.

„Вистиномер“ се обрати во „Самсунг“ од каде ни потврдија дека станува збор за лажна објава.

Компанијата Samsung нема никаква врска со овие профили. Добронамерно ве советуваме да не ги приложувате вашите податоци, бидејќи компанијата Samsung сите актуелни промоции и понуди ги објавува исклучиво на своите социјални мрежи и веб-страница, стои во нивниот одговор.

Имајќи го предвид сето ова, можеме да заклучиме дека постот што го анализираме е невистинит.

Next Post
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Почна средбата на коалициските партнери од власта

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот

Британската МИ6 најмоќна надворешна разузнавачка служба во Европа, следна е француската

August 5, 2026

Зделка без тендер или донација во криза? СДСМ и ВМРО во партиска пресметка за набавката на вода од компанијата на градоначалникот на Кавадарци

August 5, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

August 4, 2026

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија – повторно зборува за „талог“!

August 4, 2026

Министерство за здравство: Доењето е инвестиција во здравјето, потребна е поддршка од целата заедница

August 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk