Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во текот на вчерашниот ден (21.06.2022), спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 301 возачи.
Од нив, 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 143 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 158 надвор од населено место. За време на акциската контрола санкционирани биле и 111 други видови прекршоци, пишува во соопштението.
Од МВР известуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.





