ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Песков: Русија и Турција договараат црноморски коридор за украинското жито

Руското Министерство за одбрана ќе разговара со Турција за формирање на црноморски коридор за извоз на украински житарици, објави синоќа Тасс, цитирајќи го портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

June 22, 2022 09:03
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Руското Министерство за одбрана ќе разговара со Турција за формирање на црноморски коридор за извоз на украински житарици, објави синоќа Тасс, цитирајќи го портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

-Претседателот Владимир Путин не планира да учествува во разговорите, рече Песков.

Турска воена делегација оваа недела ќе отпатува во Русија за да разговара за деталите за формирање можен коридор за жито, објави претходно вчера турската телевизија, повикувајќи се на информации од турското претседателство.

Русија и Украина, според британските медиуми, дојдоа во ќор-сокак во преговорите за извоз на жито од украинските пристаништа.

Русија окупираше големи делови од крајбрежјето на Украина, блокирајќи го извозот и зголемувајќи ги цените на житото.

Од друга страна, Русија ги обвинува санкциите за кризата со храна за ограничување на извозот на жито.

Руската инвазија го блокираше извозот на украински житарици преку Црното Море, клучен пат за извоз во Украина, четвртиот најголем производител на жито во светот.

Силосите на територијата контролирана од украинските сили се околу половина полни пред жетвата, што значи дека родот би можел да остане несобран доколку Русија не ја прекине блокадата на пристаништата на Црното Море, предупреди лидерот на организацијата која ги собира украинските земјоделци на почетокот на јуни.

Војната може да доведе до сериозен недостиг на храна на глобално ниво, бидејќи Русија и Украина сочинуваат околу 29 отсто од светскиот извоз на пченица.

Околу 345 милиони лица од 82 земји во светот се соочуваат со несигурност во снабдувањето со храна, што е повеќе од двојно повеќе од бројката пред пандемијата на коронавирусот и војната во Украина, пред два дена соопшти Светската програма за храна (WFP). /МИА/.

Next Post

Седница на Уставниот суд

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk